Анализа на Костов: Изборни глобали и детали (1. дел)  

October 7, 2025
4 mins read

Во потрага по глас повеќе!

 

Ловот на избирачи е стар колку и изборите,

она што се менува е техниката

Моника Шарло

 

Ги живееме деновите на политиката – активност со која луѓето ги создаваат, одржуваат и менуваат општите правила по кои живеат. Деновиве се уверуваме дека таа и таква политика е возбудлива, бидејќи во и за неа(изборната кампања во тек) луѓето разговараат, дебатираат, се расправаат, при што доаѓа до соработка, ама и недоразбирање, па и судир. Има ли подобар пример за сето ова, кога пред очи ни се одвива една засилена политичка активност со која поединците организирани во политички партии, граѓански групи и движења, учествуваат во изборната кампања за Локални избори 2025 и сакаат да ја освојат локалната власт во 80 општини и Градот Скопје во Република Македонија. Значи, политиката деновиве ја доживуваме како средина(центар) на сите колективни општествени активности(формални и неформални, јавни и приватни) на сите групи на луѓе од јавниот живот. Сите овие активности се одвиваат пред очите на народот – нашиот врховен господар. Да, народот во изборите е наш врховен господар, бидејќи одлучува, т.е. преку чин на избор помеѓу повеќе можности(понуди). Во случајов одлучува на кој субјект/и(политичка партија, група граѓани, движења и поединци) ќе им ја довери локалната власт да управуваат со единиците на локалната власт. Тоа народно одлучување се спроведува преку лично гласање на секој поединец посебно. А верувајте ми, иако навидум гласањето е едноставен политички акт, сепак не е баш така, затоа што е под влијание на цела една низа фактори, свесни и несвесни, рационални и ирационални, себични и несебични. Сите тие заедно укажуваат дека се работи за едно однесување кое во исто време е и индивидуално, но и социјално.

Од сите овие причини истражувачите и аналитичарите на многубројните непознаници на гласачкото однесување, укажуваат дека гласањето представува еден од најбогатите извори на информации за интеракција помеѓу индивидуата, политиката и општеството. Таа интеракција најчесто се врши преку политичко претставување(пропаганда, односи со јавноста, позитивен публицитет, политички/социјален маркетинг и политичко/партиско/персонално брендирање) со испраќање и примање на порака/пораки. Така, деновиве гледаме мноштво пораки испратени од кандидатите за градоначалници и кандидатите за членови на советите во општините и Градот Скопје. Тоа се пораки чија крајна дестинација се избирачите. Инаку, пораката е кратка, јасна, концизна, конкретна, уверлива, вистинита парола од учесниците во изборната трка, до избирачите. Целта е да ги убедат да ја прифатат и да гласаат за нив. Така и се создава јавното мислење кое врши влијание врз граѓаните-избирачи, да гласаат или не, и доколку гласаат, гласот да го дадат за една од многуте изборни понуди.

“Војната со зборови“ е отпочната, борбата е за градоначалник и советник повеќе. Изборната кампања навлезе во својот девети ден. Изборните машинерии се турираат до максимум(некои веќе и предвреме прегрееја), се исфрлаат најразлични стрели(напати и “отровни“), ама најголем дел од нив го промашуваат центарот на метата. Зошто е така? Па има премногу лаги, манипулации и невистини, како израз на немоќ да се парира на добро подготвените и солидно организираните учесници во изборната трка, кои подготвиле свој изборен концепт и преку формите на социјалниот маркетинг го нудат на избирачите. Тие што ги користат лагите, манипулациите и невистините, и ги пласираат преку “црна пропаганда“ всушност изразуваат немоќ во вид на изборна непотентност. И затоа веќе ги промашија и темата(на изборната кампања) и целта(да победат на локалните избори).

Ете тоа се некои од одликите на годинашнава изборна кампања за Локални избори 2025. Сепак не е се така црно и поразително. Има и такви чинители и учесници во кампањата, кои истата ја сватиле како организационен систем и збир на техники кои што ја зголемуваат атрактивноста на нивните кандидати(за градоначалници и за советници) во изборната трка, успеваат да допрат до определен број на избирачи и со право очекуваат добри резултати и успех на изборите. Овие вториве, преку својот концептуален настап, успеваат своите кандидати да ги приближат до поголем број на избирачи, при што на секој избирач му ја прикажуваат видливата разлика помеѓу нивните кандидати и останатите кандидати, и така го оптимизираат бројот на гласовите на крајот од изборната трка.

А за успех во изборите, покрај наведените, кои се од субјективна природа, влијаат и голем број на чинители кои се од објективна природа. Тие се вкупниот број на избирачи(на ниво на Македонија и за секоја општина и Градот Скопје посебно), бројот на листи за кандидати, како за градоначалници, така и за советници, процентуалнат излезност на избирачите по општините, бројот на неважечки ливчиња и сл. Сите овие чинители, субјективни и објективни, ќе бидат предмет на разработка во овој серијал.

Денес, првично, нешто за излезноста на избирачите. Хронологијата на локлани избори во Република Македонија покажува дека се одржани 7 изборни циклуси(1996г., 2000г., 2005г., 2009г., 2013г., 2017г. и 2021г.). Годинашниве локални избори се осми по ред. Изборите од 1996-тата беа одржани според територијалната поделба од истата година, според која беа формирани 123 општини и Градот Скопје како посебна единица. Излезноста на овие избори во првиот круг изнесуваше 60%, а во вториот 51%, а право на глас имале 1 495 288 избирачи. На вторите локални избори во 2000г. излезноста во првиот круг изнесуваше 59%, а во вториот 53%, со тоа што право на глас имале 1 634 859 избирачи. Во 2005г.(84 општини и Градот Скопје), гога трет пат се гласаше за локална власт, излезноста во првиот круг беше 56%, а во вториот круг 53%. Ви Единствениот избирачки ссписок беа запишани 1 711 293 избирачи. Во 2009г. пак излезноста во првиот круг изнесуваше 57%, а во вториот 43%, на избирачко тело од 1 792 082 избирачи(се одржаа и претседателски избори). На петите локални избори во 2013г(81 општина и Град Скопје). во певиот изборен круг излезноста изнесуваше 67%, а во вториот 65%, а во избирачкиот список беа запишани 1 743 403 избирачи. Во 2017г(80 општини и Град Скопје) . во првиот круг имаме 60% излезност на избирачите, а во вториот круг 52%. Вкупниот број на запишани избирачи во Единствениот избирачки список изнесуваше 1 814 644 избирачи. И во 2021г. имаме 51,44% излезност во прв круг, а 49,65% во вториот изборен круг, при што во ЕИС на РМ беа запишани 1 824 864 избирачи.

Што можеме да закључиме: Како прво, највисока излезност, и за прв и за втор изборен круг имало 2013г(67% и 65%), кога се одржаа и предвремени паламентарни избори. Најниска излезност имаме во 2009г., со 57% прв круг и 43% втор круг. Тоа е и најголема разлика на излезност помеѓи првиот и вториот круг – 14% помалку во вториот круг. Најмала разлика во излезност имаме 2013г, само 2%(67% прв круг и 65% втор круг, исто и 2021г.(51% и 49%) разлика од 2%, додека во останатите изборни циклуси разликата е поголема и изнесува 9% во 1996г, 6% во 2000г., 8% во 2017г.; Второ, во последните три изборни циклуси имаме континуиран пад на излезноста: 2013г.(67’, 65%), 2017г.(60%, 52%) и 2021г.(51%, 49%) – пад од 67% во 2013г., преку 60% во 2017г. до 51% во 2012г. Третонајмалку запишани избирачи имало 1996г – 1 495 288 избирачи, а најмногу 2021г. – 1 824 864 избирачи. Разлика од 329 576 избирачи не е занемарлива и треба да се има во предвид кога се споредува процентуалната излезност во тие изборни циклуси.

 

(продолжува)

 

Сотир Костов

 

 

 

 

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Пет јасни знаци кај тинејџерите за тревога на родителите

Следно

Овие 2 знака ќе се збогатат или ќе освојат премија – и тоа веќе до ноември

Latest from Blog

Тоневски најави зелена офанзива – субвенции за топлинска изолација и пониски сметки

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави нова мерка во рамки на својот план за поодржлива и модерна општина – субвенции за изградба на енергетски ефикасни фасади на објектите за

Орце Ѓорѓиевски најави урбан пресврт во Бутел – безбеден сообраќај и нови зелени зони

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес најави низа капитални проекти за Општина Бутел, меѓу кои изградба на кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“, пробивање на

Министерката Димитриеска-Кочоска најави нова ера во дигиталните плаќања

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, објави дека од денеска граѓаните и бизнисите во Македонија ќе можат да ги користат придобивките од приклучувањето кон СЕПА регионот (Единствената зона за плаќања во евра). Со

Димитровски: Истите што блокираа проекти сега зборуваат дека ја сакаат Битола

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, упати критика кон, како што вели, оние кои со години ги блокирале проектите за развој на градот, истакнувајќи дека актуелната локална власт посветено работи за да
Go toTop