АНАЛИЗА: Колку е Филипче заглавен во скандалот за Онкологија што нечовечки ја нападна Мизрахи на Денот на сеќавање на жртвите на Холокаустот?

January 27, 2025
1 min read

Колку ли лидерот на СДСМ и поранешен министер за здравство Венко Филипче е заплеткан во скандалот во Онкологија, што мораше да ја нападне пратеничката Рашела Мизрахи баш денеска.

Имено, денес е 27-ми јануари – Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на холокаустот, а Мизрахи е дел од Еврејската заедница во Македонија. И токму на овој ден, лидерот на СДСМ Венко Филипче најде да ја нападне Мизрахи иако тој се споменува веќе неколку денови. Не можеше ли Филипче да се јави вчера или да почека до утре, мораше ли баш денес на 27 јануари да се јави со напад кон Мизрахи? Во политиката се вели дека случајности не постојат, па така голема е веројатноста дека ова е промислен потег на Филипче иако нечовечки.

Како што и нечовечки е додека бил министер да се прави дека не знае за препродажбата на лекови за онколошките пациенти, еден од најголемите скандали во македонското здравство ако не и најголемиот. Краделе терапија, скратувале животи, за да заработат.

Мизрахи беше претседателка на анкетната комисија за случајот Онкологија, која побара политичка одговорност од Филипче како екс министер за здравство во чие време се случи скандалот додека директоруваа екс медицински и економски директор на Онкологија Нино Васев и Нехат Нухиу.
Согласно членот 295 надзор врз здравствените институции врши министерот и оттука следи неговата директна одговорност. Оттаму невозможно е да има скандал во Онкологија, а министерот да нема одговорност и да не знаел.

Онкологија повторно стана тема деновиве откако се јави недостиг на лекови, а каде повторно во улога се јавува Филипче затоа што во набавката на лековите е велдрогеријата Пановски, која важи за блиска до СДСМ и Филипче и нивна омилена за спроведување на милионски тендери деоа беа власт.

Па оттаму сега се поставува и прашањето дали бизнис интересите на Филипче беа причината токму на денот кога се сеќаваме на жртвите на Холокаустот да ја нападне токму пратеничката која е дел од Еврејската заедница?

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривична за лице од тетовско, на граѓаните им наплаќал сметки и парите си ги ставал во џеб!

Следно

ЕУ ги продолжи санкциите за Русија

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop