Ана Стојаноска: Коле Чашуле е мојот втор татко, човекот што ме научи како да пишувам, како да работам, како да се однесувам во светот на театарот и книжевноста, во животот…

June 14, 2023
1 min read

Монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на театрологот Ана Стојаноска ќе биде промовирана утре во 11 часот, во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Промоцијата е во рамките на програмата „Автор во фокус“,издадена со помош и поддршка на Факултетот за драмски уметности од Скопје и издавачката куќа „Арс Ламина“ и делумна поддршка од Министерството за култура.

Книгата ја замислив како троен преглед на три важни топоси поврзани со неговата и со мојата работа. Ја насловив како „Коле Чашуле: Приказнувачот“, според еден од текстовите во книгата. Книгава е димензионирана да биде и лична, и научна, и непосредна, и објективна, и театролошка, но и своја каква што треба да е една книга за Коле Чашуле на стогодишнината од неговото раѓање. Коле Чашуле е мојот втор татко. Човекот што ме научи како да пишувам, како да работам, како да се однесувам во светот на театарот и книжевноста, во животот, воопшто. Човекот што ми беше огромна поддршка во процесот на образование и растење. Некогаш зборовите се скржави да го искажат количеството емоции што гo носиме за одредени луѓе. Моите за мојот чичко Коле, мојот втор татко, решив да ги напишам во оваа книга. Книга што на едно место ќе може да го прикаже моето формирање како автор и како писател, и како театролог, и книга што на едно место ќе го толкува, ќе го интерпретира или само ќе одгатнува мал дел од творештвото на Коле Чашуле. Некои од текстовите се веќе објавени во списанијата „МАНУскрипт“, „Спектар“, „Современост“ и „Стожер“ – пишува Стојаноска во воведот.

Таа изразува посебна благодарност до професорката Јелена Лужина за помошта и поддршката, до Кире Галевски за отстапените фотографии, Горјан Донев за дизајнот на книгата, Тодорка Балова за лектурата.

 

Не само во жанровска, туку и во поетичка смисла, книгата Чашуле – приказнувачот се препознава како прилично, дури и експлицитно „хибридна“: нејзиниот „темелен“ дискурс е, напоредно, и научно дистанциран (театролошки аргументиран/„објективен“), ама и евидентно „субјективен“: интимистички тактилен, речиси романескно „расприкажан“, поетичен – пишува проф. д-р Јелена Лужина во рецензијата на книгата.

Особено и нарочно во воведниот (прв) и во заклучниот дел (трет), чиишто стилоиндикативни, архаично обнасловени целини/пасажи – …Чунким спомени, Чунким толкувања, Чунким предавања… – изрично го евоцираат цепенковското и прилепското книжевно наследство. Во кое се колнат и го споделуваат и двајцата протагонисти – и Чашуле и Стојаноска – не само симболично туку и фактички! И двајцата прилепчани од сој и од бој – Приказнувачот и протагонист на книгата, ама и неговата посветена, „усвоена“ и доследна наследничка, Ќерката – се заколнатите фанови на митскиот им Учител, Дедо Марко… – вели Лужина.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дориев се збогува од Шкендија

Следно

Европа го враќа задолжителното служење војска?

Latest from Blog

Атентаторот врз заменик началникот на руската ГРУ , генерал Алексеев, уапсен во Дубаи

Осомничениот веќе е екстрадиран во Русија, објавија британските медиуми. Генерал-потполковник Владимир Алексеев, заменик-началник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, во петокот беше застрелан повеќе пати во станбена зграда во Москва, потврдија истражителите.

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на Стенковец

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродром Стенковец.

Коњановски: Одобрен проектот за тартан патека на градскиот стадион

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, присуствуваше на ребрендирањето на Атлетскиот клуб „Олимп“, настан кој беше оценет како историски момент за битолската и македонската атлетика.

Шокантни тврдења на Лејла Кадриу за функционирањето на СЈО – Катица Јанева тврдела дека е жена од милион долари

Поранешната обвинителка во Специјално јавно обвинителство, Лејла Кадриу, во јавни истапи изнесе сериозни обвинувања за начинот на функционирање на институцијата, наведувајќи директни политички влијанија, финансиски злоупотреби и незаконско постапување во периодот кога

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф
Go toTop