Ана Павловска-Данева избрана за уставен судија

February 8, 2024
3 mins read

Со 65 гласа „за“, 26 „против“ и без воздржани, на 140-тата собраниска седница за судија на Уставниот суд на Република Македонија е избрана Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет на УКИМ. По гласањето таа ја кажа и потпиша свечената изјава дека функцијата ќе ја извршува одговорно и со почитување на законите и Уставот.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против предлогот на владејачкото мнозинство затоа што, не спорејќи ја нејзината стручност и дека е истакнат правник, сметаат дека со нејзиниот избор ќе се партизира Уставниот суд затоа што Павловска-Данева била и истакнат партиски функционер. Прашаа дали ќе биде независна од влијанието на СДСМ како некогашен пратеник и потпретседател на таа партија и дали како уставен судија ќе работи согласно Уставот и правдата или ќе биде послушник на власта.

Опозициските пратеници во расправата кажаа дека сѐ додека СДСМ и ДУИ се на власт, судството ќе биде неефикасно во борба со корупцијата, ќе биде партизирано и под политички притисоци и не веруваат дека Павловска-Данева ќе придонесе да се подобри довербата во судството која сега е 0 проценти.

Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека генерално немаат забелешки за нејзината стручност во правото, но, рече „повторно имаме партизација, повторно докажани партиски војници“.

– Не е во прашање само стручната подготовка, многу битен е личниот интегритет и кредибилитет да се носи со позицијата и да не потпадне под партиски влијанија. Ана Павловска-Данева била носител на листа, пратеник и во еден момент потпретседател на СДСМ. Ќе речете тоа било пред неколку години, но треба јасно да се дефинира во закон колку години кандидатот не треба да се занимава со политика, рече Трајанов.

Со некои ставови на Павловска-Данева и тој се согласува, како што се нејзините критики за СЈО, за бројот на министри и за Великотрновскиот универзитет, но, рече, „факт е и дека од СДСМ е наградена пред изборите да го добие тоа што треба да добие“.

Според Даниела Христова, времето ќе покаже дали Павловска-Данева ќе остане доследна на професионалноста „или ќе си ги покаже партиските квалитети“ затоа што факт е, рече таа, нејзината партиска припадност.

– Можеби е добар професор со квалитети за добар судија, но добар и чесен судија може да биде само ако застане на страната на правдата, а не на партијата, без наклонетост и пристрасност или да биде под влијание од мешање на извршната власт Тогаш ќе биде добар судија и судија за пример, рече Христова.

Според Драган Ковачки, номинацијата на Павловска-Данева е „навреда за чесните правници кои на крајот на кариерата се оневозможени да се кандидираат за уставен судија. Не можат да знаат каква ќе биде како уставен судија, рече, затоа што никој не ја поканил да се претстави и да ги изнесе своите ставови, ниту некој од владејачко мнозинство се пријавил да ја претстави пред пратениците.

– Како да дискутираме за лице кое не дошло да се претстави пред нас? Дали ќе има партиско влијание ако некој опори закон пред Уставен суд? Дали ќе може да разграничи што е партиско што е професионално? Каков ќе биде нејзиниот однос кон наметната претседателка на Судот, Кацарска, касапот на македонското судство, која стана тоа зашто успешно монтираше судски процеси и се изучува како негативен пример на универзитети во светот, рече Ковачки.

Нагласи дека не е компетентен да ја цени стручноста на Павловска-Данева, но дека процедурата би била јасна ако бил донесен законот за Уставен суд кој, рече, е неисполнето ветување на вицепремиерот Бојан Маричиќ од времето кога бил министер за правда. Со тој закон, рече, ќе имало точни критериуми за селекција и не ќе можело партиски кадри да се вработуваат како уставни судии.

Ковачки праша и зошто СДСМ се откажале од претходниот предлог – Љубомир Јовевски да биде кандидат за уставен судија и дали биле искрени кога го предложиле или кога ја повлекле кандидатурата.

Неговата сопартијка Јадранска Поцкова, пак, кажа дека со партиската припадност Павловска-Данева го прави токму тоа против што се борела како учесник во Шарената револуција – партизираноста на институциите.

На говорите на опозиционерите реплицираа три пратенички на СДСМ. Марија Георгиевска рече дека за стручноста на Павловска-Данева како правник говорат нејзини колеги и соработници, а за нејзиниот интегритет говори тоа што има критички став и кон власта, и кон опозицијата.

Жаклина Лазаревска им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека не забораваат како во време на нивното владеење се избирале судии.

– Од некојси тефтерчиња… и ‘сè уште на власт има „сваровски“ судии. Парот Маневски одредуваше кои ќе бидат судии и обвинители. Тоа ќе го вратите назад? Прво да видиме какви сме ние, па да дискутираме какви се другите, рече Лазаревска.

На забелешката од опозицијата дека била пратеник на СДСМ во Собранието, Калеска-Ванчева одговори „супер би било кога секој уставен судија би поминал низ овие клупи“.

-Јас и моите колеги немаме дилема да гласаме за овој предлог. Нејзините професионални докажани дела не можете да ги оспорите – нејзиното школување, развој, магистратура на тема „Омбудсман“, докторска дисертација од 2004 година, учеството на бројни меѓународни конференции и работилници, во изработка на закони, нејзиното критичко мислење, рече Калеска-Ванчева во одбрана на професорката од Правниот факултет на УКИМ која предава и на Академијата за судии и јавни обвинители.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Алиу за ТВ 24: Барањето за разрешување е пуч од “дуисти” во Алијанса за Албанците

Следно

Што ќе се случи со принцот Хари кога брат му Вилијам ќе стане крал? Прогнозите не се добри за него, црно му се пишува!

Latest from Blog

Проданоски: Почит кон културното наследство на Прилеп – ѕвезда на Коста Смилески

Синоќа во Прилеп, заедно со членовите на семејството на Коста Смилески, беше откриена ѕвездата на патеката на познатите прилепчани, посветена на еден од најзначајните музички дејци на градот и македонската култура. Коста

Меџити: Победата е доверба – Чаир заслужува чесна и посветена администрација

Изет Меџити денеска и официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Чаир. Во своето обраќање, тој истакна дека враќањето на оваа позиција за него претставува чест, одговорност и продолжение на една длабока

Ретка појава утре: Најголемата супермесечина годинава

Најголемата супермесечина за годинава ќе биде забележлива на небото утре. Имено, нејзината близина до Земјата ќе ја направи полната Месечината да изгледа поголема и посветла од вообичаеното. Во нашето поднебје оваа појава

Коњановски: Слободата на Битола е завет што мора да го пренесеме на идните генерации

Битола денес го одбележува 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот и 81 година од неговата слобода. По тој повод, во градот се одржуваат свечени активности со кои граѓаните, институциите и

Регионален дијалог за образовни политики: Темелни реформи за поквалитетно образование

Државите од Западен Балкан полесно можат да напредуваат кога заедно и гласно размислуваат за тоа што му е потребно на образованието во секоја од земјите. Ние сме слични народи, со блиски обичаи,
Go toTop