Аморим призна: Понекогаш ги мразам моите играчи и сакам да си заминам

August 29, 2025
1 min read

Екипата на Манчестер Јунајтед во моментов се наоѓа во исклучително тешка ситуација. На стартот на новата сезона, Јунајтед ги има старите добри навики да губи од речиси кој стигне, да има очајни игри и резултати, а врвот на се беше елиминацијата од Карабао купот од четвртолигаш пред само два дена.

Менаџерот Рубен Аморим е сосема приземен во изјавите, а што и би можел да каже португалецот во оваа многу лоша ситуација.

„Понекогаш сакам да си заминам, а понекогаш сакам да останам тука 20 години. Понекогаш ги сакам моите играчи, понекогаш не сакам да бидам во нивна близина. Тоа е нешто што морам да го променам, но ќе биде тешко“, призна Аморим.

 „Понекогаш ги сакам играчите, понекогаш ги мразам, но ова е мојот начин на работа и ќе продолжам да бидам таков. Во тој момент бев многу разочаран. Има луѓе кои велат дека треба да се однесувам поинаку пред камерите, да бидам посмирен. Тие нема да бидат такви. Се обидувам да ги прифатам мислењата на другите луѓе, но ќе останам таков, бидејќи тоа сум јас и ова е она што ми ја дава оваа страст што ја имам. Во тој момент бев навистина разочаран. Имавме добра предсезона, игравме подобро, но ова беше навистина разочарувачки натпревар. Сега доаѓа уште еден натпревар.“ – рече Аморим па поентираше.

„Секогаш разговарам со шефовите. Сега сум фокусиран само на следниот натпревар со Барнли. Продолжувам да живеам ден по ден и натпревар по натпревар. Ќе бидам таков цело време, затоа бидете подготвени. Сакам Коби Меино да остане и да се бори за своето место. Ни треба Коби и тоа нема да се промени. Играчите кои нема да играат ќе бидат разочарани, но ќе ги добијат своите можности. Мора да се борат за тоа за време на тренинзите во текот на неделата“, заклучи португалскиот тренер.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Плазма и Роса со партнерите носат радост за првачињата

Следно

Студентите во блокада во Србија им се придружуваат на матурантите на протестот закажан за 1 септември

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу
Go toTop