Аморим е подготвен да му помогне на Рашфорд да ја врати својата голгетерска форма

November 27, 2024
1 min read

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим вети дека ќе му помогне на напаѓачот Маркус Рашфорд повторно да ја открие формата што ја покажа пред две сезони кога постигна 30 гола во сите натпреварувања во сезоната 2022-2023, но рече дека 27-годишниот играч мора сам да го побара тоа.

Голот на Рашфорд во неделното реми 1-1 со Ипсвич Таун во дебито на Аморим како нов менаџер на Јунајтед беше само негов втор во Премиер лигата оваа сезона. Минатата сезона постигна осум гола на 43 натпревари.

-Оваа позиција не е најдобра за него, особено во ваков натпревар, мораме да примениме висок пресинг. Ќе се обидеме да го најдеме вистинското решение за него и за другите играчи. Но, тој мора да биде Маркус пред сè за да се обиде да се врати кон тој момент, а потоа ќе ја има сета помош од персоналот, клубот и навивачите бидејќи тој е дете на Манчестер Јунајтед. Но, прво мора да го сака тоа, им рече Аморим на новинарите денеска, пред натпреварот од Лига Европа против Будо/Глимт на Олд Трафорд.

Аморим рече дека дефанзивецот Лисандро Мартинез ќе биде подготвен да игра во четврток на менаџерското деби на „Олд Трафорд“, додека дефанзивецот Хари Мегваер се вратил на тренинзите, но не е подготвен за игра.

-Лисандро е подготвен. Ситуацијата со Хари е поинаква. Ни требаат и двајцата, но тие се во различна ситуација. И двајцата тренираат. Хари ќе биде подготвен наскоро, изјави Аморим.

Мегваер заработи повреда на мускулот во ремито 0–0 на Јунајтед со Астон Вила на 6 октомври.

Триесет и девет-годишниот Аморим со нетрпение очекува да го води Јунајтед пред публиката на „Олд Трафорд“.

-Сите ми рекоа дека ова ќе биде посебно време. Јас само сакам да победам во натпреварот. Да им ја подарам таа среќа на навивачите, прокоментира Аморим.

Јунајтед е 15-ти на табелата во Лига Европа со една победа од четири натпревари, додека норвешките противници се 12-ти.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сирија: Судири меѓу силите на Асадовиот режим и побунетата опозиција „Тахрир ал-Шам“

Следно

Трамп размислува да го назначи пензионираниот генерал Кит Келог за специјален пратеник на САД за Украина

Latest from Blog

Пожар во валандовско, огнот брзо се шири и го загрозува селото Јосифово – побарана воздухопловна поддршка

Во текот на денешниот ден на територијата на Општина Валандово, во атарот на селото Јосифово, избувна пожар во сува трева. Поради силен ветер и високи температури, огнот брзо се прошири и го

Ландо Норис со трета победа во сезоната во Формула 1

Ландо Норис (Велика Британија, Мекларен) ја забележа својата трета победа во сезоната во Формула 1, откако победи во директен дуел против својот тимски колега Оскар Пјастри (Австралија, Мекларен) во напнатата трка за

Конгрес на Движењето ЗНАМ: Максим Димитриевски на чело и во следните четири години

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија  го одржа Вториот Конгрес на којприсутните 413 делегати едногласно за претседател на партијата воследните четири години го избраа Максим Димитриевски. Обраќајќи се пред сопартијците, делегатите и

СДСМ открива нов скандал во МВР: Милионски тендер за возачки испити завршил кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Нов скандал во МВР е на повидок– нов случај на крајно сомнителен, коруптивен тендер којшто отвора сериозни прашања за злоупотреба на институциите  за бизнис интереси и испумпување на парите на граѓаните, откри
Go toTop