Амхерд: Мировниот самит за Украина треба да се одржи што поскоро во Швајцарија

January 20, 2024
1 min read

Швајцарската претседателка Виола Амхерд денеска изјави дека мировниот самит за Украина, што нејзината земја планира да го организира, треба да се одржи што е можно поскоро.

-Тоа дефинитивно треба да се случи во 2024 година, изјави Амхерд за весникот „Schweiz am Wohenende“, пренесува Свисинфо.

Таа додаде дека Русија најверојатно нема да присуствува на самитот, но посочи дека официјален Берн е во контакт со Москва.

-Швајцарија разговара со сите. Каналите за комуникација постојат и тие се отворени, рече Амхерд.

Според неа, „постои мал ризик“ Швајцарија да не успее да го организира мировниот самит.

-Меѓутоа, ако не се обидеме, тоа сигурно нема да се случи. Ќе се обидеме да дадеме се од себе, изјави швајцарската претседателка.

Таа нагласи дека на крајот на самитот не треба да очекуваме мировен план, туку почнување на мировниот процес.

Амхерд претходно оваа недела, по состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави дека Швајцарија планира да ја поддржи обновата на Украина преку организирање мировна конференција.

Таа потоа кажа дека Швајцарија ќе продолжи да и помага на разурнатата Украина и ќе работи на воспоставување праведен и траен мир.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: Кога бев претседател, спречив нуклеарен холокауст

Следно

Приведена е 41-годишна велешанка, во нејзиниот дом е пронајден хероин

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop