Американците задоволни од укинувањето на позитивната дискриминација

January 17, 2024
1 min read

Американскиот Врховен суд забрани во високото образование расата да биде земана предвид при приемот на студенти. Одлуката конкретно се однесуваше за  приемните процеси во Харвард и  Универзитетот во Северна Каролина, две од институциите даваат екстра поени за апликантите од одредени недоволно застапени групи.

Мнозинството возрасни лица во САД од различни раси и етнички групи ја оценуваат одлуката на Врховниот суд за укинување на „позитивната дискриминација“ како добра. Општо, такви се 68 отсто.

Мнозинството бели, хиспано и азиски возрасни оценуваат дека крајот на ваквата политика е „главно добра работа“. Најмал, но сепак мнозински процент има кај црните возрасни (52%).

И покрај децениски долгата пракса за позитивно дискриминација при упис на факултет, запишувањето на црни студенти опаѓа: од 2,5 милиони во 2010 година на 1,9 милиони во 2020 година.

Постарите црни возрасни луѓе почесто ја гледаат пресудата како негативна од помладите, покажувајќи поголеми генерациски разлики отколку кај другите раси.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средношколците ќе учат до 10-ти јуни, нова одлука на МОН

Следно

Ѕид полн со ѕвезди, балони околу креветот: Ѕирнете во собата на синот на Марија Шерифовиќ (ФОТО)

Latest from Blog

Меџити: Промените во Србија се можност за нов пристап кон регионалната соработка

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во своја објава оцени дека во Србија „победила промената“, опишувајќи го исходот од предвремените парламентарни избори како тежок пораз за Александар Вучиќ

Милошоски домаќин на Холовнија: Потпретседателот на полскиот Сејм во официјална посета на Македонија

Потпретседателот на полскиот Сејм во посета на Македонија: Средби со Милошоски и Мисајловски Потпретседателот на Сејмот на Полска, Шимон Холовнија, денеска доаѓа во официјална посета на македонското Собрание. Според најавената програма, Холовнија

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ
Go toTop