Американците и Украинците во клинч како да ја спасат контраофанзивата

August 25, 2023
3 mins read

Отворено зборувајќи дека фокусот треба да е на југот каде треба да се пресече врската меѓу окупираните територии и Крим, американски функционери ги критикуваат украинските команданти за тоа што еднакво ја поделиле војската меѓу југот и истокот.

„Па како резултат на тоа повеќе украински сили се во близина на Бахмут и други градови на истокот отколку што се во близина на Мелитопол и Бердјанск на југот, кои се далеку повеќе стратешки важни,“ пренесува Тајмс.

Советот на Американците е главниот фокус да биде на правецот кон Мелитопол, пробивање на руските мински полиња и друга обрана, дури и ако притоа се загубат повеќе украински животи и опрема. Во сегашната фаза, процената на Американците е дека само промена на тактика и драматично движење може да го смени темпото на контраофанзивата.

Првите луѓе на американската и британската војска во видео-разговор од почетокот на месецов директно го убедувале украинскиот генерал Валериј Залужниј да се фокусира на главниот фронт, пробивањето до Мелитопол. Со ова наводно се согласил и Залужниј, а Тајмс пишува дека веќе има индикации дека дел од искусните воени сили на Украина полека се префрлуваат од исток кон југ.

Функционери од САД и Украина тврдат дека украинската војска на југот пробила барем еден слој на руската одбрана и дека е близу до освојување на селото Роботине, „што би било добар знак“.

На американските војни стратези и на разузнавачите комплетно им е нејасно што толку Украинците се запнати на освојување на Бахмут (слично како и зимоска кога го бранеа и истрошија добар дел од своето оружје и обучени војници). За Американците е разбирливо пред Бахмут да се чува мал број војници доволен да спречи руски напредок, меѓутоа Украинците таму имаат доволно војска за повторно да го освојат, што ќе се случи по цена на огромна загуба на војници и оружје, без каква било позначајна стратешка придобивка. Заради ова тие и бараат таму да остане само војска доволна за да го брани регионот, а сите други да бидат испратени на југ.

Ставот на Украинците е дека тие успеваат ефикасно да се борат и на исток и на југ, а војската кај Бахмут е неопходна за да се врши притисок врз бранителите на градот и да се спречат руските напади на североистокот од земјата.

„Критиките на американските функционери за украинската контраофанзива често пати се од гледиште на генерација воени офицери кои никогаш не искусиле војна со ваков обем и интензитет.

Американската воена доктрина никогаш не била тестирана во средина како Украина, каде руските оружја за електронско војување ја попречуваат комуникацијата и ГПС сигналот, а ниту една армија не успева да постигне воздушна супериорност,“ пишува Тајмс.

Американците им даваат уште еден месец до шест недели на Украинците пред дождот да ја паузира контраофанзивата. Уште во август Украина мораше да откаже најмалку еден јуриш заради дожд. Освен времето, стравот е дека главнината на украинските сили би можела да изгуби сила до средината на септември.

Изминативе денови Украина во борба ги пушти последните стратешки резерви кои требаше да искористат пробивање на фронтот за брзо освојување територија.

Американците се уште не сакаат да ја прогласат контраофанзивата за неуспешна, но признаваат дека таа го нема успехот на кој се надеваа кога таа почна. Процената тогаш беше дека на Украинците ќе им треба една недела за да ги пробијат првите линии на руската одбрана. Им требаа повеќе од два месеца.

Во исто време Вол стрит журнал пишува дека Пентагон ги притиска Украинците да се вратат на користење на комбинирана тактика што ја учеа во сојузничките бази и да притискаат кон Азовото море.

Американските пресметки се базираат на опремата што и ја испорачаа на Украина периодов, и стравот дека ако таа сега не се искористи правилно во 2024 нема да се повтори истата помош.

„Изградивме планина од челик за контраофанзивата. Тоа нема да може пак да го повториме. Такво нешто не постои,“ пренесува ВСЖ изјава на американски функционер.

И тие пренесуваат изјава на Залужниј според кого украинската војска е на чекор од пробив, но ги повторуваат тврдењата од Њујорк тајмс, дека Украинците мора да се фокусираат на едно место, а не да војуваат на два фронта, и дека Зеленски треба да се откаже од Бахмут, за сега.

Западните стратези не се согласуваат ни со тактиката на напади со мали единици, кои според нив само ја забавуваат офанзивата и им даваат повеќе време на Русите да одговорат.

ВСЖ ја пренесува и изјавата на секретарот на американската армија, Кристин Вормут, според која и за американската армија би било проблем да се бори во вакви услови, посебно без воздушна надмоќност и непријател што имал време да се подготви.

„Нашите војници имаа години да го научат ова а Украинците имаа неколку недели да работат на ова,“ изјавила Вормут.              

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Адвокатот на Алил Демири потврдил дека косовскиот суд го ослободил неговиот клиент

Следно

БиХ: Во џамијата Кушлат, изградена од османлиските војници, се одржа традиционалната петочна молитва

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop