Американскиот Сенат не ја усвои резолуцијата на сенаторот Берни Сандерс за замрзнување на воената помош за Израел

January 17, 2024
1 min read

Американскиот Сенат не усвои резолуција со која ќе се замрзне воената помош за Израел доколку Стејт департментот не поднесе извештај во рок од 30 дена за тоа дали Израел ги прекршил човековите права во својата кампања против Хамас во Појасот Газа.

Резолуцијата ја поднесе Берни Сандерс, сенатор од сојузната држава Вермонт, но 72 сенатори гласаа против, наспроти 11 кои го поддржаа предлогот.

-Мораме да обезбедиме американската помош да се користи во согласност со човековите права и нашите сопствени закони, рече сенаторот Сандерс, жалејќи се поради тоа што Сенатот не ги разгледа мерките кои влијаат на ситуацијата на палестинските цивили во Газа.

Резолуцијата на Сандерс беше поднесена според Законот за надворешна помош, што му дозволува на Конгресот да му нареди на Стејт департментот да објави извештај за човековите права и други информации за која било земја на која САД и даваат воена помош, пренесуваат британските медиуми.

Доколку резолуцијата беше усвоена, Стејт департментот ќе требаше да поднесе извештај до Конгресот во рок од 30 дена. По добивањето на извештајот, Конгресот може да разгледа дополнителна резолуција со која се предлагаат промени во безбедносната помош за Израел.

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Борел: Спречувањето на новото де факто принудно раселување од Газа е апсолутен приоритет

Следно

Туркије: Спасени 70 лица заглавени на автопат поради снег и снежна виулица

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат
Go toTop