Американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхен повика на обнова на трансатлантското партнерство

February 14, 2026
1 min read

Пленарна сала со светски лидери кои воздивнаа од олеснување – вака претседавачот на Минхенската безбедносна конференција го оцени говорот на американскиот државен секретар Марко Рубио кој порача дека САД и Европа припаѓаат заедно, а старото пријателство не смее да се растури туку мора да се ревитализира. Говорот на Рубио беше долгоочекуван после серија на кризи во трансатлантските односи, почнувајќи од тет-а-тет средбите САД-Русија каде тема беше и војната во Украина, како и намерите за присвојување на Гренланд.

„САД и Европа припаѓаат заедно. Америка беше создадена пред 250 години но корените започнаа на овој континент многу претходно. Претседателот Трамп бара сериозност и реципроцитет од нашите пријатели овде во Европа, причината зошто, мои пријатели, е бидејќи се грижиме длабоко за вашата и наша иднина. Денес сум овде за да појаснам – Америка го трасира патот на нов век на просперитет и уште еднаш, сакаме тоа да го направиме заедно со вас, нашите сојузници и најстари пријатели.“

Рубио и порача на Европа дека мора да стане одбранбено посилна, но и ја советуваше да престане со како што рече уништувачките политики на масовна имиграција и зелена енергетска трансформација.

Пораките на Рубио во Минхен, позитивно ги оцени и премиерот Христијан Мицкоски кој на социјалните мрежи напиша дека станува збор за јасен сигнал до сите сојузници дека светот веќе не функционира по старите правила.

Со забелешките на Рубио за зајакнување на одбранбениот капацитет на Унијата се согласи и шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен која и најави активирање на ЕУ клаузата за заедничка одбрана.

„Европа мора да стане повеќе независна, едноставно нема друг избор. Верувам дека дојде време да се оживее клаузулата за заемна одбрана на Европа. Заемна одбрана не е опционална задача за ЕУ, туку обврска. Нова доктрина (за безбедност) има едноставна задача – да осигури дека ЕУ може да ја брани својата територија, својата економија, демократија и начин на живот во секое време. Бидејќи ова е, во крајна линија, вистинското значење на независноста.“

За критиката дека САД е премногу блага кон Русија, на еден од панелите на конференцијата, Генсекот на НАТО- Марк Руте, уште еднаш застана во одбрана на американското лидерство во решавањето на Украинската војна  и посочи дека голем дел од гаранциите за безбедност кои ги бара Киев, се речиси подготвени.

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Исплатени скоро 480 милиони денари субвенции за лозарите, следуваат 200 милиони за овоштарите следната недела

Следно

Подобрување на хигиената во Прилеп: ноќно чистење на главните сообраќајници

Latest from Blog

Барана стока за време на Мундијалот…. Мексико заплени три тони кокаин

Очигледно дека огромниот број на туристи односно навивачи кои што пристигнаа во Мексико, САД и Канада по повод Мундијалот, потикнаа многу бизниси, легални но очигледно и нелегални. Мексиканската полиција соопшти дека за

Мицкоски: Ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема амбиција да биде кандидат за претседател на државата, нагласувајќи дека неговата цел е како лидер на ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи партијата кон нова убедлива победа на

Пожар во болница во северна Германија: Сите пациенти евакуирани, има загинати

Болницата беше целосно евакуирана откако избувна пожарот, а противпожарната служба соопшти дека за пациентите се грижат на безбедна локација во рамките на болницата, пренесува „Тагесшау“ (Tagesschau). Според првичните информации, пожарот избувнал во

Труење со храна во прилепски „Микросам“ кај 41 работник, затворени кујната и трпезаријата

Вкупно 41 вработен во прилепската компанија „Микросам“ покажале симптоми на труење со храна по оброкот што го консумирале во понеделникот, според информации од Центарот за јавно здравје – Прилеп. Според епидемиолозите, на
Go toTop