Американски новинар уапсен во Русија под сомнение за шпионажа

March 30, 2023
1 min read

Од „Волстрит журнал“ соопштуваат дека се длабоко загрижени за безбедноста на Гершкович и остро ги негираат наводите на ФСБ и повикуваат на итно ослободување на доверлив и посветен новинар

ФОТО: „Волстрит журнал“

Руската служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека дописникот на американскиот весник „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, е приведен во градот Екатеринбург под сомнение за шпионажа, пренесе агенцијата Интерфакс.

Во соопштението пренесено од Интерфакс, ФСБ наведува дека „ги запрела незаконските активности на американскиот новинар Еван Гершкович, акредитиран во руското Министерство за надворешни работи, кој е осомничен дека шпионирал за интересите на американската влада“.

Според нив, Гершкович добил задача „од американската страна“ да собира информации за „активностите на едно од претпријатијата на воено-одбранбениот комплекс“, се вели во соопштението, но не се наведуваат никакви докази.

„Волстрит журнал“ објави дека приведувањето на американскиот државјанин Еван Гершкович се засновало на лажни наводи. Ова ќе ги влоши и онака лошите односи меѓу Русија и САД, кои обезбедуваат најголема воена помош за Украина и воведоа санкции кон Москва за да се обиде да ја убеди да ги повлече своите сили од Украина. Но, Кремљ не покажува знаци дека го прави тоа.

Од „Волстрит журнал“ соопштија дека се длабоко загрижени за безбедноста на Гершкович и остро ги негираат наводите на ФСБ и повикуваат на итно ослободување на доверлив и посветен новинар. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече дека активностите на Гершкович во Екатеринбург „не се поврзани со новинарството“ и дека ова не е првпат улогата на странски новинар да се користи како фронт за други активности.

Од руското Министерство за надворешни работи  велат дека САД сè уште немаат воспоставено официјален контакт со Руската Федерација во врска со апсењето на дописникот на Волстрит журнал Еван Гершкович.

Администрацијата на американсккиот претседател Џо Бајден е длабоко загрижена од извештаите дека новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович е приведен во Русија под обвинение за шпионажа.

„Претставниците на Белата куќа и на Државниот секретаријат на САД разговараа со ‘Волстрит журнал’, а контактирано е и со неговото семејство. Понатаму, Државниот секретаријат е во директен контакт со руската влада за ова прашање и активно работи на обезбедување конзуларна помош на Гершкович“,

пренесува Си-ен-ен.

Од Белата куќа велат дека неприфатливо е руските власти на ваков начин да се однесуваат кон американските граѓани и најостро го осудуваат притворот на Гершкович.

Стејт департментот ги советува американските граѓани да не патуваат во Русија поради опасноста од произволно апсење.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Фиго: Манчестер сити и Баерн фаворити за титулата во ЛШ

Следно

Силен земјотрес од 6,3 степени го стресе Чиле

Latest from Blog

Бериша побара „Резолуција за српскиот геноцид Косово“

На денешната пленарна седница на албанско Парламент, покрај барањето за разрешување на првиот парламентарец, Нико Пелеши, што беше отфрлено, лидерот на Демократска партија, во име на опозицијата, побара донесување „Резолуција за осуда

Двојни аршини во Битола?

Последниве денови сведоци сме како некои профили, меѓу кои и „Поинаку во Битола“, си земаат право да навредуваат, потценуваат и пцујат луѓе по социјалните мрежи и тоа без трошка срам, без ниту

Меџити: Чаир ќе отвори нови работни места и ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните

Изет Меџити, кандидат за градоначалник на општина Чаир, најави нов пристап за зголемување на буџетот и финансиските можности на општината преку европските фондови, со посебен фокус на програмата Horizon Europe. „Приоритет ни

Српскиот бизнисмен негира дека е во врска со екс сопругата на Харис Џиновиќ, Мелина

Богатиот Спасојевиќ за српските медиуми остро ги негираше вестите дека е новиот вереник на Мелина.  „Информациите немаат никаква врска со вистината. Толку за српското новинарство“, изјавил Топлица. Инаку, веќе два дена на социјалните мрежи кружат
Go toTop