Американски медиуми: Престрелка во близина на Доналд Трамп, тој е безбеден и не бил во опасност

September 16, 2024
1 min read

Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп е безбеден откако во негова близина имало истрели од огнено оружје, соопшти синоќа неговиот изборен штаб, објави Си Ен Ен.

– Претседателот Трамп е безбеден по истрелите во неговата близина. Засега нема повеќе детали, изјавил портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг.

Поранешниот претседател, како што пренесе Си Ен Ен, вчера играл голф во Интернационалниот голф клуб Трамп во Вест Палм Бич. По инцидентот клубот бил веднаш затворен.

Њујорк пост, повикувајќи се на полициски извори, објави дека имало престрелка меѓу две лица пред неговиот голф клуб во Флорида.

Весникот наведува дека Трамп не бил во опасност поради иницентот.

Доналд Трамп беше повреден во обид за атентат во Пенсилванија на 13 јули.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И покрај падот на температурите и дождовите бројот на пожари на отворено не се намалува

Следно

Шортс: Најдобро беше да останам во Париз, иако имаше неколку понуди

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop