Американски конгресмени ја притискаат Унгарија да одобри влез на Шведска во НАТО

February 2, 2024
1 min read

Високи американски пратеници рекоа дека сакаат Унгарија веднаш да го одобри приемот на Шведска во НАТО, предупредувајќи во четвртокот, една недела откако Турција го одобри нејзиниот влез, дека Будимпешта ризикува трајно да ги оштети нејзините односи со Вашингтон ако не дејствува.

Бен Кардин пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат изјави дека е „длабоко загрижен“ за насоката на актуелната унгарска влада. Тој претставник од редовите на демократите истакна дека унгарскиот премиер Виктор Орбан до денеска ја блокираше помошта на Европската унија за Украина, како и тоа што континуирано го попречува членството на Шведска во НАТО.

„Партнерите не прават такви работи. И се прашувам дали тие се сигурни сојузници за нашата програма за укинување на визите“, рече Кардин на прес-конференција. Програмата за укинување на визите им овозможува на граѓаните од 41 земја да патуваат во САД до 90 дена без виза.

И сенаторот Џин Шахин, демократ, и Том Тилис, републиканец, кој копретседава со набљудувачката група на НАТО во Сенатот, во својата изјава ја повикаа Унгарија да ја промени насоката. „Неуспехот на Унгарија да дејствува ризикува неповратно да ги оштети нејзините односи со САД и НАТО“, рекоа Шахин и Тилис во нивната изјава.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Армијата на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја лансирала неколку крстосувачки ракети

Следно

Дел од Скопје без струја и вода

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop