Американската компанија „ExxonMobil“, заедно со „Energean“ и „HELLENiQ ENERGY“ ќе истражуваат јаглеводороди во Јонското Mоре

November 6, 2025
1 min read

Договор за истражување на јаглеводороди во Јонското море потпишаа американската компанија „ExxonMobil“, заедно со „Energean“ и „HELLENiQ ENERGY“ кои веќе ја имаат концесијата за Блокот 2 во северозападниот дел на Јонското Море, во близина на Ексклузивната Економска Зона на Италија.

Договорот беше потпишан на маргините на состанокот на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) што се одржува во Атина, во присуство на американските секретари за енергетика и внатрешни работи Крис Рајт и Даг Бургум, грчкиот министер за животна средина и енергетика Ставрос Папаставру, како и амбасадорката на САД во Атина Кимберли Гилфојл.

Според договорот, „ExxonMobil“ ќе стекне 60 отсто од концесијата, „Energean“ ќе задржи 30 проценти учество, од првични 75 отсто, а „HELLENiQ ENERGY“ ќе задржи 10 проценти учество, од првични 25 отсто.

Станува збор за прво дупчење за морско истражување во Грција од 1981 година, а истражувањето се очекува да се реализира на крајот на 2026 или на почетокот на 2027 година, под услов навремено да се обезбедат сите неопходни дозволи и одобренија од надлежните органи, како и да се продолжи фазата на истражување за да се обезбеди завршување на проектот во предвидениот рок.

Блокот 2 е во област од особен геолошки интерес, во 2022 година биле добиени 2.244 квадратни километри тродимензионални сеизмички податоци, чија обработка и толкување потврдија дека структурата „Асопос“ е најзрелата цел за истражувачко дупчење.

Станува збор за најголемата неистражена офшор структура во Медитеранот, со потенцијал значително да ја зајакне енергетската безбедност на Грција и поширокиот регион./МИА

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанија останува на дното на Европа во однос на минималната плата

Следно

Цеца со изјава за инцидентот во Велес: „Не знаев дека не се сакаат толку многу – жал ми е ако повредив нечии чувства“

Latest from Blog

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“. Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран.

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изнесе серија обвинувања на адреса на раководството на СДСМ, тврдејќи дека партијата делува под надворешно влијание и со сериозни внатрешни слабости.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф обидувајќи се да се стави себеси над полицијата и законот. Имено, во 17:45 чaсот во кругот на ПС-Крива Паланка, додека униформиран

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на
Go toTop