Американската армија објави дека нема да го одбележи роденденот на Трамп на парадата на 14 јуни

May 21, 2025
1 min read

Американската војска денеска соопшти дека нема планови да го прослави роденденот на претседателот Доналд Трамп на 14 јуни, кога тој ќе претседава и со дел од прославата по повод 250-годишнината од основањето на армијата.

Трамп, кој тој ден ќе наполни 79 години, ќе игра голема улога во прославите, за време на кои војниците ќе се спуштат со падобран за да му подадат преклопено знаме.

Војската, исто така, ќе одржи парада во Вашингтон.

Парадата не беше дел од првичниот план за прославата на 14 јуни и беше додадена оваа година, предизвикувајќи критики од демократските пратеници и други дека Трамп го „киднапирал“ настанот.

На прашањето дали војската има планови да го одбележи роденденот на претседателот, Стив Ворен, портпарол на армијата, рече дека не очекува да го одбележи роденденот на Трамп, туку да се прослави американската војска.

– Возбудени сме што врховниот командант е заинтересиран за 250-годишнината од војската и што ќе сака да ја види, рече Ворен.

Околу 7.000 војници, 370 возила и 70 авиони ќе учествуваат на парадата што ќе се одржи во Вашингтон на 14 јуни, според документ до кој имаше увид Си-Ен-Ен. Тој ден ќе се одбележи 250-годишнината од формирањето на американската армија и 79-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп.
Се очекува Трамп да ја следи парадата од платформата за набљудување во Белата куќа, ќе одржи говор и учествува на настан за регрутирање.
Речиси 7.000 војници ќе маршираат низ Вашингтон, проследени од 370 возила, вклучувајќи историски и модерни, „Златните витези“ ќе скокаат со падобран, а парадата ќе биде збогатена со 70 авиони.

На парадата ќе бидат претставени возила и униформи од секоја војна во која учествувале САД, а се очекува сето ова да чини десетици милиони долари.
За Трамп, ова ќе биде проба за најавениот настан „Америка 250“, планираната едногодишна прослава на 250-годишнината од постоењето на САД следната година.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гаши во 24 анализа: Иницијативата на СДСМ за лидерска средба каде ќе разговараме за уставни измени е одлична

Следно

Универзитетот во Белград предложи решение за излез од кризата

Latest from Blog

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати Божикна честитка до поглаварот на Албанска православна црква и до сите верници

По повод Христовото раѓање – Божик, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до поглаварот на Албанска православна црква неговото блаженство г.г.Јоан, архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија и до сите верници кои го прославуваат

Од Челзи зимава си заминуваат шестмина фудбалери

Екипата на Челси планира да направи мини чистка во соблекувалната зимава, откако менаџментот процени дека неколкумина играч реално се вишок во моментов во тимот. Менаџерот Енцо Мареска и летоска се соочи со

Белгиски адвокат казнет со 25.000 евра за поднесување на приговори генерирани од вештачка интелигенција

Апелацискиот суд во белгискиот град Антверпен му изрече парична казна од 25.000 евра на еден адвокат поради „злоупотреба на постапката со неправилна употреба на вештачката интелигенција“. Во образложението на пресудата се наведува
Go toTop