Американска армија: Првата пратка борбени возила „Бредли“ на пат кон Украина

January 31, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Првата пратка на борбени возила „М2 Бредли“ тргна од Соединетите Американски Држави (САД) за Украина, соопшти американската војска, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Пратката, која вклучува над 60 возила „Бредли“, ја напушти американската сојузна држава Јужна Каролина минатата недела, соопштено е од Командата на американскиот транспортен корпус.

Возилата ќе им обезбедат на украинските сили „дополнителни офанзивни и дефанзивни способности за заштита на своите граници од нелегитимната инвазија на Русија“, се истакнува во соопштението.

На 19 јануари, САД објавија дека ќе обезбедат дополнителни 2,5 милијарди долари воена помош за Украина.

Покрај борбените возила „Бредли“, пакетот вклучува осум системи за противвоздушна одбрана „Авенџер“ и 90 оклопни носачи „Страјкер“, како и друго оружје и муниција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Чавушоглу: „Туркије нема да ја ратификува кандидатурата на Шведска за НАТО доколку не ги исполни условите“

Следно

Во скопската Зоолошка се одбележа денот на зебрата

Latest from Blog

Мис Универзум Мексико ќе оди на суд- ја тужи организаторот на натпреварот (ВИДЕО)

Целата драма кулминираше со судска постапка по неколку недели јавни обвинувања. Како сè започна Раздорот започна на 4 ноември, кога Ицарагрисил јавно ја критикуваше мексиканската претставничка за наводно одбивање да учествува во

ВИТАМИНСКА БОМБА ЗА АНЕМИЈА

Чувство на постојан умор, бледа кожа, забрзано чукање на срцето и недостиг на здив – можеби мислевте дека е само последица на стрес и современиот начин на живот. Но што ако станува

ФОТО: Прогласена бојата за 2026 – Нов тренд во модата и ентериерот

Институтот за бои Пантон традиционално, како и секоја година, ја избира бојата за претстојната 2026 година и веќе ја гледаме насекаде околу нас. Доловувањето на културниот дух и трендовите за претстојната година
Go toTop