Америка тивко го наоружува Тајван до заби

November 6, 2023
1 min read

Кога американскиот претседател Џо Бајден неодамна потпиша грант од 80 милиони долари за Тајван за купување американска воена опрема, а официјален Пекинг стандардно реагираше дека „жали и се спротиставува“ за обичниот набљудувач тоа и не изгледаше ако вест.

Пара ли се 80 милиони долари? Тоа е помалку од цената на еден модерен борбен авион а Тајпеј веќе има нарачано американска воена опрема вредна над 14 милијарди долари.

Што прават разлика 80-те милиони долари? Прават разлика затоа што не се заем, туку пари директно од американските даночни обврзници. За прв пат по повеќе од 40 години, Америка користи свои пари за да испрати оружје на место кое официјално не го признава.

Ова се случува во рамките на програмата наречена странски воени финансии преку која биле праќани милијарди во Авганистан, Ирак, Израел и Египет… Но, до сега тоа било правено само за земји или организации признати од Обединетите нации. Тајван не е.

44 години САД му продава оружје на Тајван по клучот: доволно да може да се брани,  но не премногу за да не се дестабилизираат односите меѓу Вашингтон и Пекинг. Но, во последната деценија воената рамнотежа во тајванскиот теснец драматично се сврте во корист на Кина.

Затоа оние 80 милиони се само врвот на санта мраз: во јули Бајден искористи дискрециони овластувања за одобрување продажба на воени услуги и опрема во вредност од 500 милиони долари на Тајван.

Првпат после 70-тите, Тајван се готви во САД на обука да прати и два пешадиски батаљона.

Клучни се сепак парите а ти можат да бидат и 10 милијарди долари во наредните пет години за што во Конгресот има повеќе расположение отколку за Украина.

Но, уште долго Тајван на воена поле би бил лесен залак за Кинезите а листата на неговите проблеми е долга: немање доволно модерни против-воздушни системи и ракети, имаат стотици стари тенкови, немаат доволно човечки капацитети (некои единици се пополнети само 60%), а воената доктрина и тактиките не им се апдејтирани половина век.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи: Преку Министерскиот совет на ОБСЕ Скопје ќе биде центарот на светот за клучни геополитички одлуки

Следно

Телефонските и интернет-услугите во Газа постепено се враќаат по прекинот поради нападите

Latest from Blog

Мистериозна ЖЕНА БО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат

Претседателот на Фенербахче на распит за поседување дрога

ФОТО: Sadettin Saran/FB Претседателот на турскиот гигант Фенербахче, Садетин Саран, е повикан на сослушување како осомничен во истрага за дрога. По давањето исказ пред обвинителите, 61-годишниот Саран е испратен во Одборот за

Свечен прием и концерт по повод 21 Декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на ТИКА во Скопје

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) вечерва во Скопје организира свечен прием по повод 21 декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на
Go toTop