Америка ќе легализира 500.000 илегалци кои се во брак

June 20, 2024
1 min read

Министерството за домашна безбедност ќе им овозможи на овие имигранти да аплицираат за работни дозволи и заштита од депортација доколку живеат во САД најмалку 10 години.

„За оние сопруги или сопрузи и нивните деца кои живееле во Америка една деценија или повеќе, но се без документи, оваа акција ќе им овозможи да поднесат документи за правен статус во Соединетите држави, дозволувајќи им да работат додека остануваат со своите семејства во САД“, порача Бајден.

Програмата, доколку не биде оспорена на суд, ќе биде најголемата владина програма за недокументирани имигранти уште од  иницијативата за одложена акција од времето на Барак Обама која моментално штити од депортација 528.000 таканаречени „сонувачи“, односно деца кои биле донесени во САД.

Ова е втор пат во еден месец како Бајден презема опсежна – и правно ризична – извршна акција за имиграцијата. Претходно во јуни, тој се повика на претседателската моќ што често ја користеше поранешниот претседател Доналд Трамп за да ги дисквалификува од азил повеќето мигранти на границата меѓу САД и Мексико.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дваесет и петгодишен професионален војник на АРМ починал на КАРИЛ откако му се слошило на марш на Криволак

Следно

Србите и Словенците покажаа какви треба да бидат навивачките дуели (ВИДЕО)

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop