Амбасадорот на ЕУ Рокас во посета на Планинарската спасувачка служба во Охрид

July 10, 2025
1 min read

Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија Михалис Рокас денеска ќе ја посети општина Охрид како дел од иницијатива за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалното население.

Делегацијата на ЕУ во Скопје соопшти дека Рокас ќе ја почне посетата со средба со  градоначалникот Кирил Пецаков и членовите на Општинскиот совет.

-За време на средбите ќе се истакнат придобивките од пристапувањето кон ЕУ како и конкретното влијание на поддршката од ЕУ врз секојдневниот живот во регионот, се наведува во соопштението. 

По средбите, амбасадорот Рокас ќе ја посети Планинарската спасувачка служба во Охрид, проект поддржан во рамките на Програмата за прекугранична соработка меѓу Албанија и Северна Македонија.

Амбасадорот на ЕУ  утре ќе ја посети општина Струга каде што во „Јуроп Хаус Струга“ ќе се сретне со млади локални претприемачи „со кои  ќе ги разгледаат иницијативите насочени кон намалување на миграцијата на младите и зајакнување на општествената структура на регионот“. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Посвежо со пониски максимални дневни температури

Следно

Арно.мк: Македонскиот јазик не треба да се брани со дефанзивна носталгија

Latest from Blog

Младоженец е убиен додека одел на сопствената свадба, причината е морничава

Невидениот злостор се случил во областа на полициската станица Кета Сараи, соопштија официјални лица. Според началникот на полицијата во Кунвар, Анупам Сингх, обвинетиот, идентификуван како Прадип Бинд, заедно со соучесник, отворил оган

Хоџа: Потребни се заеднички решенија за климатските предизвици

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествуваше на министерската тркалезна маса на 5-тиот Меѓународен форум за води што се одржува во Истанбул, Република Турција. Во своето обраќање, тој ја

ЛШ: Арсенал по 20 години повторно ќе игра финале, Сака е херојот на Лондон (ВИДЕО)

По дводецениско чекање, навивачите на Арсенал ќе имаат можност да гледаат уште едно големо финале во Лигата на шампионите на УЕФА во кое ќе настапи нивниот омилен тим. „Топчиите“ минимално со 1:0
Go toTop