Амбасадорката Агелер смета дека Зоран Заев има право да заземе став и да каже се што сака за неговиот пријател Кочо Анѓушев

December 16, 2023
4 mins read

Во гостување на радио „Канал 77“, американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер кажа дека со поранешниот премиер Зоран Заев разговарала многу, но не во последно време и дека неговиот настап и заземање за својот пријател Кочо Анѓушев кој неодамна беше ставен на американската црна листа е негов став и дека тој има право да го прави тоа

Амбасадорката вели – исто како и со именувањето на Орце Камчев и неговите организации, она што тие го виделе е дека често, кога се работи за овие означувања, како и за корупцијата, тоа со кои луѓе работите може да влијае на вашето семејство, па оттаму, апсолутно поранешниот премиер Заев има свое право да каже се што сака за неговиот пријател.

„Со поранешниот премиер сум разговарала многу, иако не во последно време. Тој настапи и се зазема за свој пријател и секако има право да го стори тоа“,

рече амбасадорката Агелер.

Агелер вели дека ставањето на одредени лица на црната листа на САД е прашање на законите на САД, а исто така и на тоа какви се односите на означените лица со САД, односно дали им е дозволено да одат таму, дали нивниот имот во САД е запленет или пак дали нивните американски банкарски системи и банкарски услуги ќе им бидат затворени. Ова секако, не претставува барање до македонските институции да преземат одредени дејствија иако, како што кажа, неодамна бил усвоен закон според кој ако САД, како и ЕУ и ОН, именуваат некого, органите на прогонот и обвинителството, како и Единицата за финансиско разузнавање ќе почнат проверка на нивниот имот и дали, или не, имотот треба да биде предмет на одземање или други поврзани прашања.

„Ние немаме улога на орган на прогонот во земјава, но се надеваме дека информациите што сме ги собрале, најголемиот дел од нив се собрани овде, дека ќе има луѓе во органите на прогонот и правосудството што ќе работат на тие случаи, и ќе ги повикаат таквите лица на одговорност за нивните постапки. За нешта за кои сме покажале со докази дека претставуваат криминал, организиран криминал, активности во областа на финансискиот криминал и корупција“,

вели Агелер.

На новинарско прашање дали ќе има епидемија на корпција во државава, амбасадорката одговори потврдно, дополнувајќи дека тие единствено прават правна формулација, а што ќе се случува понатаму зависи од граѓаните на државава, и службениците на оваа држава.

„Она што ќе ви кажам е дека сум импресионирана дека граѓаните, реакциите на граѓаните што сум ги добила за секое именување се убедливо позитивни. Реакцијата што веројатно најчесто ја добиваме е, ве молиме, додадете уште имиња. Дали поентата е Амбасадата на САД да има таква листа? Не! Всушност, би било супер да нема повеќе корупција и да немаме други имиња да спомнеме. Не мислам дека тоа ќе се случи во скора иднина. Вие мислите така? Сигурно има уште многу кандидати“,

кажа амбасадорката.

Вчера, на прашање за писмото на Заев во кое тој дава поддршка на Анѓушев, и неговиот наследник на лидерското место во партијата и премиер, Димитар Ковачевски, кажа дека ставовите на секого во ова демократско општество се легитимни и не би можел да дава дополнителни коментари.

„Соединетите Американски Држави (САД) се наш стратешки партнер и тие своите одлуки ги носат врз основа на информации и процедури коишто се спроведуваат во нивните институции. Јас во тоа не можам да навлегувам, ниту пак имам информации и ставовите на секого во ова демократско општество се легитимни и не би можел да давам дополнителни коментари. Сепак, се работи за одлука на САД, гледате дека имаше и брифинг од страна на нивната амбасадорка во Скопје“,

рече Ковачевски.

Американскиот Стејт департмент на 5 декември соопшти дека бизнисменот, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев е незначаен за генерално неподобен за влез во САД поради вмешаност во значителна корупција, додека ја извршувал функцијата вицепремиер.

Неподобни за влез во САД, Стејт департментот ги означи и неговата сопруга и двете деца.

Анѓушев од своја страна преку допис до медиумите ги негираше сите сомневања на Стејт департментот и најави жалба на одлуката.

„Силно ги негирам сите сомневања изразени во документот објавен од почитуваниот Стејт Департмент и сакам да известам дека ќе ја обжалам одлуката и ќе ги искористам сите правни лекови наведени во самиот документ во правец на повлекување на оваа одлука, која ја сметам за непотребна во рамките на заложбите на нашите пријатели, Соединетите Американски Држави, за борба против корупцијата“,

наведе Анѓушев во соопштението истиот ден кога Стејт департемнтот ја соопшти одлуката.

Во врска со неговото ставање на листата на санкции американската амбасадорка Анџела Агелер пред два дена на брифинг со неколкумина новинари посочи дека ставањето на поранешниот вицепремиер на „црната листа“ не се должи на сомневања, туку на многубројни докази за негова вмешаност во коруптивни активности. Таа не откри детали за кои случаи конкретно станува збор. Сепак, рече дека не станува збор за изолиран случај.

Со конкретните санкции на Анѓушев и неговото семејство им е забрането да патуваат во САД, но не и на неговите бизниси да продолжат да функционираат во Америка. Агелер вели дека засега таа не знае дали има и можност Анѓушев да биде опфатен со санкции од некоја друга американска институција, како на пример, од Министерството за финансии. Но, не пропушти да потсети дека имало случаи кога едно лице било санкционирано од две различни американски институции.

Истиот ден по брифингот на Агелер, со писмен допис во медиумите се огласи поранешниот премиер и екслидер на СДСМ, Зоран Заев во чиј прв мандат од 2017 до 2020 година Анѓушев ја извршуваше функцијата вицепремиер за економски прашања. Во него тој му изрази поддршка на Анѓушев за, како што вели, докажување на неоснованоста за сомневањата кон него изразени од нашите пријатели Соединетите Американски Држави. Тој во дописот наведе и дека стои на располагање за сите потребни одговори и разјаснувања во врска со која било тема, вклучително и основата за сомневањата кон Анѓушев.

„САД се стратешки пријател и партнер на Северна Македонија. Сметам дека јас лично, а и како поранешен претседател на Владата, сум исто така пријател на САД. Тоа сум го потврдил низ конкретни примери во текот на моето работење. Тоа јавно го имаат и потврдено највисоки претставници на САД. Без да ја коментирам и да навлегувам во детали за оправданоста на одлуката на Стејт департментот за забрана за влез во САД на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, само ќе напоменам, како и порано кога сум бил премиер така и сега, стојам на располагање за сите потребни одговори и разјаснувања на определени теми од интерес на нашите стратешки пријатели и партнери во врска со било која општествено-економска и политичка тема во земјава, вклучително и основата за сомневањата кон Анѓушев“,

стои во дописот на Заев што го објави „24инфо“.

Поранешниот премиер во дописот за Анѓушев вели дека е негов пријател и соработник кој исклучително го почитува.

„Јас го замолив во мај 2017 година да прифати, да одработи одреден период за македонскиот народ и државата. Тоа го правеше чесно, одговорно и посветено. Денеска ја има мојата поддршка во докажување на неоснованоста за сомневањата кон него изразени од нашите пријатели Соединетите Американски Држави“,

вели Заев во писмениот допис.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кумановскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Пиши му на Дедо Мраз“

Следно

Почина таткото на Кочо Анѓушев

Latest from Blog

Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме
Go toTop