Амбасада на САД во Сараево: Додик е на опасен пат

May 24, 2024
1 min read

Американската амбасада во Босна и Херцеговина го предупреди лидерот на босанските Срби Милорад Додик и сите политичари кои го следат дека се на опасен пат кога се залагаат за „мирно раздружување“, нагласувајќи им дека САД нема мирно да ги набљудуваат акциите што ја загрозува Босна и Херцеговина како држава.

По иницијатива на Додик, владата на Република Српска во четвртокот, пред расправата на Генералното собрание на Обединетите нации, донесе одлука дека во рок од 30 дена ќе подготви документ со кој на Федерацијата на Босна и Херцеговина ќе и предложи „раздружување“, т.е. ставање крај на постоењето на Босна и Херцеговина како што е утврдено со Дејтонскиот договор.

САД беа меѓу најсилните поддржувачи на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, а американската амбасада во Сараево денеска соопшти дека Додик и владата на РС се обиделе да ги објаснат тезите за неможноста за опстанок на РС со „група лаги и дезинформации“ дизајнирани да ја заплашат јавноста во РС со цел да ги следи на тој опасен пат.

„Фактите се едноставни и јасни. Нема меѓународен заговор за укинување на РС, а Додик не може да издвои ниту една изјава на ниту еден американски функционер кој повикува на укинување на РС“, се вели во соопштението.

Американската амбасада потсети и дека БиХ не е унија на два ентитета како што постојано толкува Додик, туку е држава наследничка на поранешната Република БиХ.

Уставот на Босна и Херцеговина, како што истакнаа, не дава право на отцепување или „раздружување“ ниту на субјектите ниту на која било пониска административна единица. РС може да постои само во рамките на БиХ, така што отцепувањето или „обединувањето“ на РС не значи независност на тој ентитет или крај на БиХ, туку крај на РС.

„Тоа е опасна, неодговорна, антидејтонска акција која го става на ризик територијалниот интегритет, суверенитет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина. А, тоа се клучните интереси на САД. САД ќе ги бранат и штитат, меѓу другото, со тоа што ќе ги повикаат на одговорност оние кои изложиле на ризик“, се вели во соопштението на американската амбасада.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турските сили неутрализираа 10 терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак и Сирија

Следно

Фамелос: Ратификацијата на меморандумите ќе ја унапредеше соработката

Latest from Blog

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски

Омерагиќ: ЛЕД екран долг 210 метри ја модернизира националната арена

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски

Меџити: Континуирана поддршка од ЕУ за евроинтеграцијата на Македонија

Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на политичкото движење ВЛЕН, Изет Меџити, денес оствари средба со европратеникот Томас Вајц, постојан известувач на Европскиот парламент, во рамките на континуираниот дијалог со

Проданоски: Прилеп подготвен за нови турски инвестиции и соработка

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со турскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Фатих Улусој и со Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО – Македонско-турската стопанска комора и почесен конзул на
Go toTop