Амбасада на САД во Косово: Затворањето на српските институции спротивно на нашите совети и тоа ја ослабува довербата

January 15, 2025
1 min read

Американската амбасада во Приштина објави дека денешното затворање на српските институции во Косово од страна на Приштина директно и негативно влијае на Србите и другите заедници на Косово и може да ги поткопа аспирациите на Приштина да се приклучи кон евроатлантската заедница.

Во одговорот на американската амбасада во Приштина до Газета Експрес, се наведува дека акцијата на Приштина била извршена против советите на САД и дека ја ослабува довербата и ги ограничува можностите на САД да му помогнат на Косово да обезбеди подобра иднина.

-Тие акции, спротивно на нашите најдобри совети, ја поткопуваат довербата во односите и ја ограничуваат нашата способност да му помогнеме на Косово да обезбеди подобра и посветла иднина за целиот свој народ. Ние продолжуваме да ја следиме ситуацијата, се вели во одговорот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: Имаме договор

Следно

Фетаи: Антикорупциска отвори случај за Скендер Асани, ќе истражат сомнежите за злоупотреба!

Latest from Blog

Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и
Go toTop