Амандманска расправа по Законот за Посебен регистар за лица осудени за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија

January 28, 2026
1 min read

Во Собранието денеска седница ќе одржа две комисии – Комисијата за социјална политика, демографија и млади и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на двете комисии е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, во второ читање. За Предлог-законот е поднесен еден амандман од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ангелинка Петкова, заради допрецизирање на рокот, кој се однесува на надлежниот орган за водење на Посебниот регистар, а е предвиден да изнесува од најмалку еднаш годишно, во кој ќе се врши проверка и усогласување на внесените податоци со податоците на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда и доколку постојат неусогласености веднаш ќе се преземаат мерки за нивно отстранување.

Како што се посочува во образложението за Предлог-законот објавено на собраниската веб-страва, со овие измени се одредуваат институциите кои се непосредно одговорни за примената на законот и постапките во делот на доставување на потребните податоци кои треба да бидат внесени во Регистарот кој го води ЈУ Завод за социјални дејности. Се потенцира дека се направени и измени кои се резултат на практичната примена на Законот и на потребата од надминување на проблемите кои се појавија при неговата досегашна примена.

-Предложените измени и дополнувања на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија ги содржат следниве решенија: Усогласување на одредбите на овој закон со Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.36/23) во делот на Глава деветнаесет „Кривични дела против половата слобода и половиот морал“. Определување на институциите и постапката за доставување на податоците кои што треба да бидат внесени во Регистарот за лицата осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија. Усогласување со одредбите на Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.121/24), се посочува во образложението за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија. 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шаламе тврди дека живото му бил загрозен на снимањето на новиот филм: Не сакав да завршам на таков начин (ВИДЕО)

Следно

Бикот да не ја злоупотребува довербата, Лавот да не наоѓа изговори

Latest from Blog

Со многубројна публика и одлична атмосфера заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

Со многубројна публика, музика, танц и содржини за сите генерации заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“. Во текот на петокот и саботата, паркот беше исполнет со посетители кои дојдоа да

Партијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума

Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија. „Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на
Go toTop