Амал Клуни блеска во Венеција

August 27, 2025
1 min read

Венецискиот филмски фестивал започнува, а првите ѕвезди
веќе пристигнаа, меѓу нив Џорџ и Амал Клуни, за кои Венеција дефинитивно е
омилена дестинација за разгледување.

Венецискиот филмски фестивал традиционално привлекува
големо внимание, а потоа имаме можност да уживаме во совршените модни изданија
на сите холивудски убавици.

Од кого секогаш се очекува да биде на висина на задачата
на модата? Дефинитивно Амал Клуни, а таа секогаш ги исполнува очекувањата.

Иако сè уште не стигнала до црвениот тепих, нејзиниот
избор за нејзиното пристигнување во Венеција привлече големо внимание.

Како и секогаш, елегантна, Амал избра нежно жолт фустан
во преклоп со впечатлив ремен со златна тока. Целото модно издание го
комплетираше со бели чевли.

Ни овој пат не се откажа од својата препознатлива
фризура, долгите бранови, а зошто би требало кога ѝ стојат совршено.

Ни Џорџ Клуни не заостануваше зад својата сакана, па
откако ја врати седата коса, блескаше покрај Амал во кремасти панталони и црна
кошула со јака.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МИСТЕРИЈА НА ХОТЕЛСКИОТ БАЗЕН ВО МИКОНОС! Бразилец пронајден мртов, другиот во несвест!

Следно

Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Latest from Blog

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не
Go toTop