Алтун: „Ќе напредуваме во солидарност и мир“

May 15, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Шефот на Дирекцијата за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, објави порака по претседателските и парламентарните избори во Туркије, пренесува Анадолија.

„14 мај беше денот кога се покажа волјата на нашиот ценет народ. Нашиот народ го кажа својот збор и го покажа патот по кој треба да се оди. Нека ни е со среќа на сите. Ќе напредуваме заедно во солидарност и мир и ќе бидеме пример за целиот свет“, изјави Алтун на социјалните мрежи.

Претседателот на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК), Ахмет Јенер, рече дека, според податоците собрани до 9:45 часот по локално време, актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган освоил 49,40 отсто, а кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу 44,96 отсто од гласовите.

Јенер во своето обраќање пред новинарите ги претстави најновите податоци за резултатите од претседателските и парламентарните избори одржани во неделата.

„Од вкупно 192.214 гласачки кутии во земјава, до 9:45 часот се отворени 192.187, што е околу 99 отсто. Во моментов во земјава не се отворени уште 27 гласачки кутии. Од 9.594 гласачки кутии во странство, отворени се 8.065. 1.529 гласачки кутии сè уште не се отворени во странство, а досега 84,06 отсто од гласачките кутии се отворени во странство“, рече Јенер.

„Според овие податоци, до 9 часот и 45 минути Реџеп Таип Ердоган освои 49,40 отсто од гласовите, Кемал Киличдароглу 44,96 отсто, Синан Оган 5,2 отсто, а Мухарем Инџе 0,44 отсто“, додаде тој.

Граѓаните на Туркије вчера гласаа на претседателските и парламентарни избори, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за новото свикување на Големото национално собрание, кое има вкупно 600 пратенички места.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Шокантни снимки од тунелот: Бускетс, Алба и Араухо тргнаа да се тепаат со навивачите на Еспањол (ВИДЕО)

Следно

Велика Британија ќе испрати стотици нови беспилотни летала за напад со долг дострел во Украина

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.
Go toTop