Алтернатива вечерва ќе пресече – останува или си оди од Владата при евентуален влез на Алијансата за Албанците

February 1, 2023
2 mins read

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, вчера во Владата се сретна со премиерот Димитар Ковачевски со кој разговарал за евентуално проширување на владиното мнозинство. Како што соопшти Таравари по средбата, Алијанса за Албанците е сè поблиску до влез во Владата, програмите се усогласени, а на ред се кадровските решенија

Партиското раководство на Алтернатива вечерва на средба во Гостивар ќе одлучува какви чекори ќе преземат во однос на евентуалниот влез на Алијансата за Албанците (АА) во Владата, потврдија за МИА од партијата.

Алтернатива во неколку наврати досега нагласуваше дека нема потреба од проширување на владиното мнозинство со Алијанса за Албанците бидејќи тоа е стабилно, нагласувајќи дека договорот за коалицирање треба да се почитува.

„Ние кога станавме дел од оваа влада, потпишавме договор за коалицирање и тој договор треба да се почитува. Нашите пратеници се стабилни и се дел од владиното мнозинство. Што се случи во меѓувреме? Каде исчезнаа пратениците? Тоа ние не го знаеме. За тоа нека размислуваат тие што изгубија пратеници“,

рече неодамна секретарот на партијата Зеќирија Ибрахими.

Тој истакна дека договорот за коалиција го потпишале со поранешниот премиер Зоран Заев, од кого побарале гаранции дека ќе биде испочитуван и од новиот премиер Димитар Ковачевски.

„Договорот за коалицирање го потпишавме со Заев, од кого побаравме гаранции дека ќе биде испочитуван и од новиот премиер Ковачевски. Ни беше ветено дека тоа што е договорено и потпишано ќе важи до наредните избори. Сега некој преговара за нашите позиции без да нè информира. Не е политички коректно. Ние сè уште не ги добивме ресоритe што ги договоривме, сега ни велат да ги пуштиме и овие што ги имаме. Како да им веруваме на овие луѓе? На Алтернатива не ѝ смета Алијанса за Албанците да влезе во Владата, нам ни смета кога некој не го почитува тоа што го договоривме“,

изјави Ибрахими.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, вчера во Владата се сретна со премиерот Димитар Ковачевски со кого разговарале за евентуално проширување на владиното мнозинство. Како што соопшти Таравари по средбата, Алијанса за Албанците е сè поблиску до влез во Владата, програмите се усогласени, а на ред се кадровските решенија.

„Околу 90 отсто од програмските определби се синхронизирани, но за кадровските решенија воопшто не разговаравме затоа што средбата траеше многу долго. Се надевам дека деновиве што се пред нас ќе го отвориме и прашањето за кадровските решенија. Најмногу се задржавме на програмските определби на нашата партија и Владата и за работи што треба да ги истераме заедно во периодот што останува до крајот на мандатот на оваа влада“,

рече Таравари по средбата со Ковачевски.

Во однос на распределбата на ресорите, лидерот на Алијанса посочи дека како партија имаат најдобри кадри за Министерството за здравство.

И премиерот Димитар Ковачевски синоќа, пред состанокот на Извршниот одбор на СДСМ, напомена дека во најголем процент се усогласиле со Алијанса за Албанците и нагласи дека во делот на сите други аспекти од можна соработка разговорите ќе продолжат.

Тој посочи дека со Таравари се разговарало за скринг-процесот со ЕУ, претседавањето со ОБСЕ, стратегискиот дијалог со САД, владеењето на правото, реформските закони, финансиската контрола, намалување на злоупотреба на балансерот за вработување, рамномерен регионален развој итн.

За кадровски решенија, исто како и Таравари, и Ковачевски рече дека не се разговарало.

Извршниот одбор на СДСМ синоќа на седница едногласно одлучи да продолжат разговорите со Алијанса за Албанците за влез на оваа партија во владината коалиција.

Понатамошните разговори со партијата ќе ги води работна група во која покрај премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, ќе учествуваат и генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, членот на Централниот одбор и министер за земјоделство Љупчо Николовски и координаторот на пратеничката група на социјалдемократите Јован Митрески.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Сѐ што е гага има крај

Следно

Во Велика Британија се одржува најголемиот штрајк во последните 10 години

Latest from Blog

Мицкоски: Македонија добива нова енергија и работни места

5 Денеска беше поставен камен-темелникот на новиот малопродажен објект на „Лидл“ во Македонија, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и претставници на компанијата. Со оваа инвестиција, според премиерот, земјата добива нова енергија,

Илјадници фалсификувани кукли Лабубу запленети во Велика Британија поради безбедносни ризици

Илјадници фалсификувани кукли Лабубу се запленети од продавници низ Велика Британија, поради предупредувања за нивна небезбедност. Куклите, препознатливи по својот влакнест изглед како чудовиште, станаа популарни благодарение на кинескиот производител на играчки

Тошковски: Граѓаните заслужуваат полиција која ќе се грижи за нивната безбедност и благосостојба, силно ќе се бори против криминалот, ослободена од политички и други влијанија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со раководството на министерството и полицијата учествуваше на семинар за професионалност и оперативна независност во рамки на проектот „Промоција на интегритет и добро управување во

Сменета деканката на Медицинскиот факултет во Белград, нов вршител на должноста на чело на ФДУ

На денешната седница, Советот на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград донесе одлука за разрешување на деканката Татјана Симиќ од функцијата. Заедно со неа, од функција се тргнати и сите продекани задолжени

Тен Хаг за само два месеци на клупата на Баер сериозно ќе ги наполни џебовите!

Ненадејното отпуштање на Ерик тен Хаг од Баер Леверкузен ќе му донесе сериозна финансиска компензација на холандскиот стратег, пишува „Билд“. Според информациите, стручњакот, кој се задржа само два месеца на клупата, ќе
Go toTop