Алкараз: Ќе се сеќавам на страста со која Надал го живееше тенисот

November 20, 2024
1 min read

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се осврна на крајот на кариерата на сонародникот Рафаел Надал.

– Она што ќе го паметам за Надал е страста со која го живееше тенисот. Својот последен турнир го одигра со неверојатна страст. Имав среќа што играв со него, тренирав со него… помалку отколку што би сакал. Ако мојата кариера е дури половина добра од онаа на Рафа, ќе бидам повеќе од среќен. Мојот сон отсекогаш бил да станам број еден во светот и да освојам Грен слемови. Голем дел од овој сон постоеше благодарение на Рафа Надал. Се сеќавам како победуваше кога бев мал. Тогаш помислив дека еден ден ќе бидам јас таму, изјави Алкараз за „The Tennis Letter“.

Шпанската репрезентација синоќа загуби од Холандија (1:2) во четвртфиналето на Дејвис купот. Ова беше последен турнир во кариерата на 38-годишниот Надал.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Будимпешта – еден од најистакнатите урбани пејзажи во светот

Следно

Ердоган ја критикуваше одлуката на САД да ѝ дозволи на Украина да користи тактички ракетен систем во Русија

Latest from Blog

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу
Go toTop