Алкалоид го пресели тренинг кампот во Стара Пазова

January 27, 2024
1 min read

Македонскиот вицепрвак Алкалоид ја темпира формата за главните предизвици во новата сезона на Суперлигата, натпреварите од плеј-офот. По ланскиот успех, одново четата на Кирил Лазаров има високи амбиции да парира на „вечните“ ривали.

Алкалоид се екипираше по крајот на настапите на Македонија на Европското првенство. Селекторот Лазаров се врати на клупските обврски и екипата тренираше во Скопје, во салата „Автокоманда“.

Откако се комплетираше првата подготвителна фаза, сега Алкалоид отпатува во Србија. Тренинг кампот на вицепрвакот се пресели во Стара Пазова, која нуди одличен спортски центар во кој се подготвуваше и репрезентацијата на Македонија.

За време на престојот во Србија се планирани и неколку контролни натпревари.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Успешно заврши спасувањето на лице со скршеница на нога од врвот на Водно

Следно

Џафери ги достави до собранието пограмата и составот на техничката Влада

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop