Алкалоид двете средби со Вест Виена во Европскиот куп ќе ги игра на домашен терен

November 4, 2024
1 min read

Ракометарите на Алкалоид двата натпревара од 1/16 финалето во Европскиот куп со Вест Виена ќе ги играат на свој терен.

На сајтот на Европската ракометна федерација стои информацијата дека двете екипи се договориле и првата средба и реваншот да бидат во Скопје.

Тимот предводен од тренерот Кирил Лазаров сезонава игра извонредно. Во домашното првенство има максимални 10 победи, на стартот на сезоната го освои Суперкупот на Македонија, а има и две победи над литванска Клаипеда во 2. коло на Европскиот куп.

Натпреварите Алкалоид – Вест Виена се закажани за 29 и 30 ноември во салата „Автокоманда“. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина соопшти дека 15 лица се повредени во руски воздушен напад врз регионот Харков

Следно

Палестинскиот министер за економија Амур: На наше барање Туркије ја иззеде Палестина од забраната за извоз во Израел

Latest from Blog

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и

Општина Битола: „Чкембари“ слават 41 година – подготвен спектакл за „осмиот играч“

Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ подготвуваат посебна фан-зона „Осмиот играч“ по повод 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“. Фан-зоната ќе биде отворена во среда од 18:00 часот на платото

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во
Go toTop