„Алкалоид“ донира течен „омепразол“ на Детската клиника и на Клиниката „Козле“

April 16, 2024
1 min read

„Алкалоид“ АД Скопје денеска донираше течен „Омепразол“ за лекување над 200 деца кои се пациенти во Детска клиника и болницатаза респираторни заболувања „Козле“. Вкупната вредност на донацијата е 12,5 милиони денари и овој лек ќе биде доволен за лекување на децата кои имаат проблеми со голтање цела година.

 

„Со оваа донација наменета за децата, како една ранлива возрасна категорија кога станува збор за одредени дигестивни нарушувања, како компанија даваме свој придонес кон олеснување на процесот на нивно лекување и на подобрување на квалитетот на животот на пациентите. Поаѓајќи од нашиот врвен приоритет -Луѓето и здравјето пред сѐ, на кој се темели компаниската мисија за поздрав живот на секој поединец, ‘Алкалоид’ со децении помага онаму каде е најпотребно. Грижата за заедницата во која делуваме, особено онаа насочена кон најмладите, останува наш приоритетен сегмент во компаниското портфолио за општествена одговорност“, истакна Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Советот на Европа ќе расправа за барањето на Косово за членство

Следно

ПРВА ОБЈАВА НА КЕЈТ ОТКАКО НА СВЕТОТ МУ СООПШТИ ДЕКА ИМА РАК: Еве на кого му се обрати принцезата од Велс, откри дека е шокирана и тажна! (ФОТО)

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop