Алиу со ист став како Таравари дека ДУИ треба да направи „update”, Османи со одговор

October 24, 2023
1 min read

реклама


ДУИ треба да оди во опозиција и да се „апдејтира“. Вака изјави министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, кој доаѓа од редовите на АА. Алиу во Клик Плус рече дека не е здраво за граѓаните на една земја една политичка партија да биде на власт над 20 години.

„Било која партија да биде 20 години на власт, тоа подразбира дека не направена ниту „апдејт“ ниту „апгрејт“ внатре, така да верувам дека е здраво да се оди во опозиција и да се оптимализираат процесите. Доколку не се направи ниту „апдејт“ ниту „апгрејт“ тогаш тоа ќе има вируси, ќе има лесен пристап од надворешните процеси. И за нашите граѓани, општество во кое една политичка партија е на власт 20 години тоа не е здраво.“, вели Алиу.

реклама

Од друга страна лидерот на АА, Арбен Таравари, беше малку поостар. Во интервју за Еуроњус, тој ДУИ ја нарече рак на општеството.

„Дека ДУИ е инфилтрирана во сите институции, тоа е неспорен факт. Во едно интервју пред 10 дена кажав дека ми е драго што повеќето аналитичари и политички партии ги кажуваат зборовите што ги кажавме пред 3, 4, 5 години дека ДУИ е практично на некој начин проблем на општеството, тоа го кажав како рак на општеството, поради длабоката инфилтрација во сите државни институции“, рече Таравари.

реклама

Но, како ДУИ ги коментира овие ставови на АА? Министерот за надворешни работи Бујар Османи, воедно и потпретседател на ДУИ, вели дека на власт сите министри имаат професионална соработка и немаат забелешки за своите колеги.

Односите меѓу двете партии и понатаму остануваат во статус кво бидејќи за следните избори Алијансата за Албанците се уште не одлучила дали ќе се приклучи на европскиот фронт или ќе биде со албанската опозиција.

реклама

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изложба на Христијан Томаноски „Издигнување“ во Охрид

Следно

Детската болница Козле прераснува во „Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop