Алиу: Од 30 јуни во функција шест нови хируршки сали

June 26, 2026
1 min read

Шесте целосно реконструирани хируршки сали во Клиничкиот центар во Скопје ќе започнат со работа на 30 јуни, најави министерот за здравство Азир Алиу.

Тој посочи дека пред нивното официјално пуштање во употреба треба да заврши процесот на верификација што го спроведуваат странски експерти. По завршувањето на оваа постапка, ќе следуваат уште три до четири дена во кои Институтот за јавно здравје ќе спроведе микробиолошки брисеви. За салите да бидат ставени во функција, потребно е три последователни резултати да бидат негативни.

Алиу истакна дека при проверките биле забележани одредени детали кои требало дополнително да се усогласат со предвидените стандарди, главно во делот на хигиенските протоколи и процедурите за започнување на хируршките интервенции.

Од шесте обновени операциони сали, две се наменети за Клиниката за ТОАРИЛУЦ, две за Клиниката за урологија, а две за Детската хирургија.

Проектот предвидува и реконструкција на уште четири операциони сали, кои ќе бидат во пасивен режим и ќе служат како дополнителен капацитет кога ќе биде потребно.

Обновата на вкупно 10 хируршки сали се реализира во две фази за да не се наруши континуитетот на работата на терцијарното здравство. Вредноста на проектот изнесува околу 282 милиони денари, односно повеќе од 4,5 милиони евра.

Од Министерството за здравство очекуваат новите хируршки сали да обезбедат подобри услови за работа на медицинскиот персонал, како и повисоко ниво на безбедност и квалитет при изведувањето на хируршките интервенции.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денес бидете среќни што не сте о “Европа“, над 35 степени за 150 милиони луѓе

Следно

Пресврт…. наместо во Интер, Палестра заврши во Челзи (ВИДЕО)

Latest from Blog

Шок во Белград: Мајк Џејмс во солзи ја напушти арената на носилки (Видео)

Шокантни сцени во Белград. Една од најголемите ѕвезди на Евролигата, Мајк Џејмс, се здоби со тешка повреда на натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес. Американскиот кошаркар се повреди во третата четвртина,

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,

МЕПСО реконструира осум трафостаници: На ред е и ТС Скопје 4 во Пинтија

МЕПСО започнува со целосна реконструкција и енергетска модернизација на осум трафостаници, меѓу кои и ТС Скопје 4 во Пинтија. Како што информираат од компанијата, по пет децении од изградбата на командната зграда
Go toTop