Алиу: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за унапредување на здравствениот систем

September 12, 2025
1 min read

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на свеченото отворање на 21-от Конгрес на лекари на Македонија, кој традиционално го организира Македонското лекарско друштво и важи за најголем медицински собир во земјава со околу 600 учесници и многу еминентни предавачи од нашата држава и странство.

Во своето обраќање, министерот Алиу посебно се осврна на дигиталното здравство и дигитализацијата како еден од клучните столбови за унапредување на здравствената заштита и системот во целост.

– Во рамки на севкупната стратегија за дигитализација и оптимизација на здравствениот систем, веќе најавивме и ново софтверско решение, како апликација, кое ќе ја олесни комуникацијата и движењето на пациентот низ здравствениот систем. Целта е апликацијата да овозможи пациентот во секое време да внесе здравствени индикатори, врз основа на кои матичниот лекар или специјалист ќе може веднаш да реагира – со менување на терапијата или давање препораки за натамошно лекување, односно ако системот детектира вредности надвор од нормалата, автоматски ќе алармира, истакна во обраќањето министерот Алиу.

Воедно, тој посочи дека ваквите конгреси претставуваат извонредна можност за размена на знаења и искуства меѓу многубројните експерти, а со својата стручна експертиза придонесуваат кон подигнување на нивото на медицинската наука и практика.

На 21-от Конгрес на лекари на Македонија свое обраќање имаше и претседателот на Македонското лекарско друштво, д-р Горан Димитров.

– Македонското лекарско друштво оваа година го прославува 80-годишниот јубилеј и е најстарo професионалнo здружениe во земјава кoe ги обединува сите лекари. Особено значаен сегмент во нашата работа е континуираната медицинска едукација со организирање стручни предавања, како и придонесот во создавањето и модифицирањето на медицинските протоколи во различни специјалности, истакна д-р Димитров.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Имињата на македонските партизани се запишани со златни букви

Следно

Одбележана 83. годишнина од смртта на народниот херој Стив Наумов

Latest from Blog

Тендерска постапка за изградба на гасовод меѓу Македонија и Србија

Номагас, акционерско друштво во државна сопственост за пренос на природен гас, наскоро ќе отвори тендер за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект е дел

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Премиерот предупреди: Во владата има луѓе што не го даваат максимумот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју за „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа порача дека Владата дава максимум во работењето, но истакна дека кај одредени поединци има дилеми и задршки. „Ние
Go toTop