Алијанса за Албанците го осуди синоќешниот напад на Небиу

February 5, 2024
1 min read

Алијанса за Албанците (АА) денеска преку писмено соопштение изрази најостра осуда за синоќешниот напад врз членови на партијата, меѓу кои и директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу. Нападот се случи во ресторан во Тетово непосредно по вчерашната прес-конференција на претседателот на Централното собрание на партијата, Зијадин Села.

„Најостро го осудуваме синоќешниот физички напад на Кренар Османи, врз членовите на Алијансата за Албанците и директорот, Дритон Небиу. Случајот е пријавен до органите на прогонот и ги повикуваме да го расветлат и случајот да добие соодветен правен заклучок“, се наведува во соопштението на Алијанса за Албанците.

 

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел е подготвен по дипломатски пат да го реши проблемот со Хезболах

Следно

Поскапува бензинот, поевтинува дизелот

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop