Ален Делон е тешко болен, ставен е под засилено старателство

April 5, 2024
1 min read

Францускиот глумец Ален Делон, кој има 88 години и е тешко болен, е ставен под засилено старателство за заштита на чувствителни лица, според одлуката на Судот.

Од јануари, Делон е ставен под судска заштита со назначување застапник кој „ќе ја следи неговата здравствена состојба“. Извори блиски до случајот за француските медиуми изјавија дека сега таа мерка е засилена. Ова значи дека правниот застапник назначен за случајот на Делон ќе ги надгледува неговите банкарски сметки и ќе ги следи неговите трошоци.

„Тоа би значело оти Делон веќе нема целосна слобода во управувањето со својот имот и одлуките што би можел да ги донесе“, вели неименуваниот извор.

Од почетокот на јануари неговите деца се во конфликт, преку медиумите и судството, околу грижата за нивниот татко.

Неговите синови Ентони (Ентони) (59) и Ален-Фабиен (Ален-Фабиен) (29) веруваат дека глумецот е изманипулиран од нивната сестра Анушка која наводно сакала да ја сокрие вистинската негова здравствена состојба од нив и имала намера да го врати во Швајцарија.

Анушка неодамна ги тужеше своите двајца браќа за нарушување на приватноста по емитувањето на разговор меѓу неа и нејзиниот татко. Таа бара отштета од околу 120.000 евра, а судењето е закажано за април 2025 година.

Ентони Делон сметаше дека неговата сестра сака да го префрли Делон во Швајцарија, каде што таа живее, за да не плати висок данок на наследство. Анушка, од своја страна, тврди дека сакала да го однесе таткото во Швајцарија за тој да продолжи да се лекува таму.

Според Ентони, филмскиот ветеран претходно изразил желба да живее на неговиот имот во Души и еден ден да биде погребан таму.

Ален Делон ја доби почесната „Златна палма“ на 72. Меѓународен фестивал во Кан во мај 2019 година и тоа, всушност, значеше крај за неговото присуство во јавноста. Како што потоа објавија француските медиуми, Делон имал мозочен удар во 2019 година, а пред неколку месеци било откриено дека има и лимфом. Делон со својата исклучителна филмографија и турбулентниот приватен живот, со ретката харизма и убавина, стана дел од современиот мит на светската кинематографија.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Верстапен со најбрзо време на првиот тренинг во Сузука

Следно

Ванковска: Го враќаме достоинството на Македонија

Latest from Blog

Собослаи ќе добие нов договор во Ливерпул и ќе биде нов капитен

фото: LFC (X) Доминик Собослај е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул од почетокот на сеозната, па клупското раководство веќе размислува да му понуди нов договор. Капитенот на унгарската репрезентација наскоро ќе

Ѓорѓиевски: За 72 часа ќе видиме резултати од големата акција во Скопје

Започна големата акција за чистење на главниот град, со која во следните 72 часа се очекува Скопје да добие нов, почист и поуреден изглед. Ангажирани се екипи од јавните претпријатија, механизација, камиони

САКАЛ ДА СЕ БАЊА ВО БАЗЕН, ПА СЕГА ПЛИВА ВО ЗЛАТО Французин во својот двор открил златни прачки и монети

Французин открил богатство вредно речиси 700.000 евра додека копал базен во својата градина, а властите му дозволиле да остена кај него бидејќи оцениле дека е легално стекнато. Тој пронашол „5 златни прачки

Почина „Живата Барбика“ – поминала низ 27 операции за да личи на славната кукла (ФОТО)

Веста за нејзината смрт ги шокира милионите луѓе низ целиот свет, особено нејзините следбеници кои со години ја следеа нејзината трансформација и јавниот живот. Според странските медиуми, полицијата започнала истрага за околностите
Go toTop