Албанскиот опозициски блок најави кривична пријава против Георгиевска за ДИК

January 30, 2024
1 min read

Фадил Зендели од Европскиот сојуз за промени, денеска од новиот собраниски спикер Јован Митрески побарал да се деблокира процесот за избор на член на ДИК. Митревски одржа средба  со здружената албанска опозиција која извесно време ја бојкотира работата на законодавниот дом поради испразнетото место во ДИК.

Сепак останува да виси пашањето дали Митревски  ќе успее во обидот  да ја смири здружената албанска опозиција  која се закани со протести на улица.

Ултиматумите на т.н опозиција почнаа да се претвораат во молитви упатени до претседателот на Собранието во врска со изборот на нивен член во Државната изборна комисија, изјави денеска Аднан Незири, координатор на пратеничка група на Алијанса за Албанците, во реакција на изјавата на пратеникот Зендели.Тој го повика Зендели да оди кај Митрески и да побара од СДСМ еден од тројцата членови што ги има во ДИК. Незири истакна дека не се откажуваат од местото во ДИК и додава оти ако треба тоа ќе остане испразнето и за време на изборите. 

Инаку по средбата со Митрески, Зендели во изјава за медиумите рече дека процесот за избор на нивен член на ДИК е заглавен кај претседателката на Комисијата за прашања на избори и именувања, Марија Георгиевска и доколку таа во наредните денови не ја деблокира работата на Комисијата, најави кривична пријава против неа. Посочи дека целата постапка се искомплицирала од претходниот претседател на Собранието Талат Џафери, кој, како што рече, дал можност на една новоформирана партија која нема законски надлежности да преземе член на ДИК.

Митревски пак изради надеж дека ќе успее да ги смири меѓу Алијанса за Албанците и Беса. Местото во ДИК остана празно откако Кренар Лога стана министер за правда, а сега тоа треба да биде пополнето со претставник од опозицијата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестинецот Ебу Аџва, единствен произведувач на млеко на северот на Појасот Газа

Следно

Македонец е уапсен во Србија- со 2,52 алкохол удрил во полициско возило што тргнало на увид

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.
Go toTop