Албанскиот државен врв го поздрави вчерашниот постигнат договор меѓу Косово и Србија

March 19, 2023
1 min read

Разговорите меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, со посредство на Европската Унија, вчера во Охрид, траеја повеќе од десет часа. По состанокот, високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел, соопшти дека Србија и Косово се согласиле за Анексот за имплементација кој заедно со Договорот ќе биде дел од европскиот пат на двете страни

Претседателот на Албанија Бајрам Бегај го поздрави постигнувањето на јавниот договор меѓу Косово и Србија и посветеноста за спроведување на основниот договор и соодветниот анекс. Според Бегај, овој договор е уште една гаранција за мирот, стабилноста и иднината на регионот во Европската Унија.

„Го поздравувам постигнувањето на јавниот договор меѓу Косово и Србија во Охрид – Северна Македонија и посветеноста за спроведување на основниот договор и соодветниот анекс. Овој договор е уште една гаранција за мирот, стабилноста и иднината на регионот во Европската Унија. Верувам дека гарантите на овој договор ќе го направат обврзувачки и спроведлив за страните. Им благодарам на Европската Унија за нејзиното посредување и на Соединетите Американски Држави за силната поддршка“.

напиша Бегај.

Шефот на Албанската Влада Еди Рама вчерашниот договор го нарече историско достигнување. Тој исто така напиша дека се надева дека „ѓаволот не се крие во деталите“.

„Да се ​​надеваме дека ѓаволот вечерва не се крие во деталите и дека договорениот, но непотпишан договор, не е уште една балканска измама! Во спротивно, ова би било историско достигнување што би ја навестило долгоочекуваната пролет во односите меѓу двата најголеми балкански народи. И искрено да им честитаме на четворицата протагонисти на денешната охридска трпеза, посакувајќи наскоро потпишаниот договор да се претвори во нова неповратна реалност меѓу Косово и Србија, Албанците и Србите, Западен Балкан и Европската Унија“.

напиша Рама.

Разговорите меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, со посредство на Европската Унија, вчера во Охрид, траеја повеќе од десет часа.

По состанокот, високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел, соопшти дека Србија и Косово се согласиле за Анексот за имплементација кој заедно со Договорот ќе биде дел од европскиот пат на двете страни.

Борел рече дека Договорот и анексот се сметаат за усогласени и прифатени од двете страни и дека ќе се сметаат за усвоени, односно ќе важат, откако тој ќе даде изјава дека е така или со објава од негова страна.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Авионите на НАТО пресретнаа руски авиони во близина на естонскиот воздушен простор

Следно

Најмалку 19 загинати во сообраќајна несреќа, ужас во Бангладеш

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop