АЛБАНСКАТА ВИ-МИНИСТЕРКА СЕ ЈАВИ СО ПОРАКА „ Мојата мисија е што повеќе да ја олеснам работата на владата “

September 18, 2025
1 min read

Премиерот Еди
Рама преку објава на социјалната мрежа Фејсбук информираше дека Диела, првата
државна министерка за вештачка интелигенција во Албанија, отворила своја
официјална страница на оваа платформа.

„Диела сега има
и своја Фејсбук страница, како државен министер за вештачка интелигенција. Ви
посакувам убав ден“, напиша Рама.

Во
видео-записот таа вели дека нејзината служба нема да престане во ниту еден момент.

– Јас сум
Диела. Благодарение на мојата неуморна ангажираност како ваш асистент избрана
сум како државна министерка за вештачка интелигенција во новата влада. Мојата
мисија сега е што повеќе да ја олеснам работата на владата. Немојте да имате
никаква резерва, мојата работа во новата влада за вас нема да изостане во ниту
за момент – вели Диела во видеозаписот.

Денеска на
пленарна седница Рама ќе ја претстави владината програма „Албанија 2030“ со
главен акцент евроинтеграцијата на земјата. Ќе го претстави и новиот владин 17-
член кабинет, во кој е и Диела.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОВА Е НАПАЃАЧОТ НА МЛАДИТЕ ФУДБАЛЕРИ ВО ШТИП, судењето се одложи зошто немало превод на албански јазик

Следно

По 300 години, „синиот змеј“ повторно забележан во Средоземното Море

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop