Албанската полиција откри нови информации за апсењето на Мета

October 21, 2024
1 min read

По острите реакции на опозициските парии и дел од јавноста дека е прекршено секакво право при апсењето на поранешниот претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, доцна попладнево полицијата излезе со соопштение во однос на начинот на апсењето.

-Со обврска кон јавното мислење во однос на начинот на апсењето на граѓанинот И.М., појаснуваме дека државната полиција го изврши решението на Специјалниот суд против организиран криминал и корупција (ЃККО). Тоа по барање на Специјалното обвинителство за приведување на И.М. (55), со преземање оперативни мерки, согласно предвидените законски процедури, стои во соопштението.

Околу 13:15 часот, Државната полиција добила информација, а потоа утврдила дека на местото викано „Кривината кај Камза“, во населбата Лапрака, со возило во правец кон Тирана се движел И.М. Во овој момент возилото било сопрено, а водачот на оперативната група му ја соопштил на И.М судската одлука за безбедносна мерка „затворски притвор“ и од него било побарано да излезе од возилото.

-Граѓанинот И.М. одбиваше да го стори тоа и упати навредливи зборови кон претставниците на полицијата и правдата. Врз основа на процедурата предвидена со Уредбата, тој бил изваден од возилото и присилно приведен. Нагласуваме дека употребата на сила при апсењето  била наметната со неговото насилно противење на спроведувањето на судската одлука, што му била соопштена од вработени во полицијата, се наведува во полициското соопштение.

Според дел од медиумите, од маскирани припадници на специјалната полициска единица и агенти од Националното биро за истраги, возилото во кое бил Мета, било следено од граничниот премин Морина, на албанско – косовската граница, веднаш по влезот на албанска територија од Косово, каде што од вчера престојувал тој.  Возилата биле со граѓански регистарски таблички и се движеле долж целата должина едното пред а другото зад возилото на Мета а го сопреле во близина на трговскиот центар „Каса Италија“ во Тирана при што насилно бил внесен во полициското возило.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски во работна посета на Солун, ќе ги претстави инвестициските планови за развој на инфраструктурата

Следно

Земјотрес во Македонија

Latest from Blog

Хет-трик на Олисе, погоди и Мусијала: Баерн победи со лото резултат (Видео)

Баерн Минхен конечно се искачи на врвот од Бундеслигата, барем привремено, откако победи со неверојатни 7-0 против Унион Берлин на отворањето од четвртото коло. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат
Go toTop