Албанија забрзано старее, минатата година 10 отсто помалку новороденчиња, најголемо намалување во последните три децении

February 14, 2024
1 min read

Годишниот извештај на албанскиот Институт за статистика, ИНСТАТ, покажува дека минатата година се родени 22.210 бебиња, што е намалување за 10 отсто или околу 2.500 бебиња помалку споредно со претходната година.

Ова е најголем пад на наталитетот во последните 30 години. Од вкупно 12 околии колку што има во земјата, со најнизок наталитет се Ѓирокастро, Кукс и Берат, додека Тирана и Драч се двете околии со најбрз пораст на населението.

-Намалувањето на наталитетот и емиграцијата предизвикуваат Албанија да старее со голема брзина. На 1 јануари 2023 година во нашата земја се регистрирани 2,76 милиони лица, што е намалување за 15 отсто споредено со 1990 година. Во јуни оваа година се очекува да бидат објавени резултатите од пописот, кога ќе се знае точната бројка, која повеќе од сигрно е дека ќе биде помала од онаа од почетокот на годинава, наведуваат медиумите.

Додаваат дека младата возраст забрзано се намалува, додека армијата на луѓе на возраст за пензионирање се зголемува. Податоците на ИНСТАТ покажуваат дека на 1 јануари 2023 година населението над 60-годинишна возраст претставува четвртина од вкупното население. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Распишувањето на изборите ќе го „отклучи“ Избирачкиот список

Следно

Германија предупреди дека израелската офанзива врз Рафа ќе доведе до хуманитарна катастрофа

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop