Албанија: Тунелот Логара ќе биде пуштен за сообраќај на 5 јули

June 18, 2024
1 min read

Еден од најголемиоте јавни проекти во Албанија – Тунелот Логара во југозападниот дел од државата – што ги поврзува приморските градови Валона и Саранда, ќе биде пуштен за сообраќај на 5 јули.

Логара се наоѓа на околу 20 километри јужно од Валона и инвестицијата во него е вредна 142 милиони евра, и според албански медиуми – има директно влијание врз целата албанска економија.

Албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи објави фотографии од работата врз тунелот.

„Логара“ ќе има должина од близу 6 километри – Главниот тунел е широк 7,70 метри и висок 4,70 метри, со тротоари од двете страни со должина од по 1,17 метри и е опремен со вентилација, дренажен систем и систем против пожар и чад.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Принцот Луис привлекува внимание каде и да се појави – Парадата во чест на кралот не помина без неговите лудории

Следно

Ѓоковиќ ќе игра во Париз

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop