Албанија: Специјалното обвинителство започна истрага за градоначалникот на Тирана и неговото семејство

June 10, 2024
1 min read

Албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, започна истрага, по анонимна пријава, но со детални информации за градоначалникот на Тирана, Ерјон Велиај и членовите на неговото семејство, објави Ора њуз.

-Пријавата пристигнала до СПАК од засега неидентификувани анонимни лица, но содржи детални информации за економската активност на Ерјон Велиај, неговата сопруга Ајола, брат му Арбр Велиај, мајка му Шќипоња Велиај, родителите на Ајола, како и неговите соработници во Градското собрание на Тирана. Во пријавата се наведени сомнителни банкарски трансакции внатре и надвор од државата, инвестиции во недвижности во Тирана и слично, наведува телевизијата.

Предметниот случај го истражува обвинителот Олси Дадо, кој претходно го водеше досието добиено од Валона за градоначалникот на општина Химара, Јорго Горо, кој потоа, на 23 март годинава беше уапсен.

Веќе се испратени дописи до сите банки од второ ниво во земјата, Националниот деловен центар, Генералната дирекција за даноци, Државната агенција за катастар, Канцеларијата на Декларација за имот и Комората на национални нотари на Албанија.

Според истиот извор некои од централните канцеларии на банките во Тирана веќе испратиле детални информации за семејството Велиај, дополнително и за трите компании со кои управува неговата сопруга и нејзината мајка.

-Истрагата сега е во почетна фаза на прибирање докази. Градоначалникот Велиај, пред извесно време беше повикан во СПАК како лице кое имало сознанија за сомнителни дејствијата

поврзани со инсинераторот за согорување отпад во Тирана. Истрага за неговата имотна состојба е прва и единствена истрага што до сега е отворена против првиот човек на главниот град, констатира Ора њуз.

Со барање за негова оставка, пред градското собрание и денеска ќе се одржи протест свикан од опозицијата, што ќе биде 11. по ред.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ЈА ВЛЕЧЕЛ ЗА КОСАТА И ЈА УДИРАЛ ОТКАКО ЈА НАЧЕКАЛ СО ПРИЈАТЕЛ: Него започнал да го дави, а потоа следувало пекол во домот на Карлеуша

Следно

Германија ја повтори „итната“ потреба за прекин на огнот во Газа

Latest from Blog

Турскиот селектор по елиминцијата: Ова се случува еднаш во 50 години

ФОТО:.sporx.com/ Турската репрезентација се збогува со Светското првенство во 2026 година откако беше поразена со 1-0 од Парагвај во клучен натпревар од Групата Д. По болното елиминирање, италијанскиот стручњак на клупата на

Стејт департмент: Наредната рунда преговори меѓу Либан и Израел ќе се одржи во Вашингтон

За време на разговорите, Рубио „ја повтори потребата од разоружување“ на Хезболах и ја потврди „поддршката на Америка за напорите на владата во Бејрут за создавање целосно суверена либанска држава која е

Никола Ѓурѓај за „Нова Македонија“: 29. Семинар на АГСМ е мост меѓу Македонците од целиот свет

Интервју со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, по повод организацијата на 29. семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) Со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај,

„Нова Македонија“: Разговор со Никола Ѓурѓај за работата на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана

Интервју со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, по повод организацијата на 29. семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) Со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај,
Go toTop