Албанија по втор пат го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН

August 31, 2023
1 min read

ТИРАНА (АА) – Албанија на 1 септември 2023 година го започнува своето второ претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), јавува Анадолу.

Министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Олта Џачка, во изјава за медиумите во врска со ова прашање, истакна дека претседавањето со СБОН ѝ дава голема можност на Албанија, во тесна консултација со сојузниците и партнерите, да утврди каква ќе биде агендата на Советот за септември.

„Албанското претседавање со Советот за безбедност доаѓа во навистина тежок момент, кога светот се соочува со низа многу сериозни кризи и конфликти, од Украина до кризата со несигурност во храна како резултат на војната во Украина и политиките што ги спроведува Русија; од Јемен, Судан и Блискиот Исток во целина, до кризата и несигурноста што владеат денес во Сахел“, рече Џачка.

Според неа, постојат два важни моменти на ова претседавање, и тоа платформата за соработка за дистрибуција на хуманитарна помош насекаде во светот и „нелегалната руска агресија врз Украина“.

Зборувајќи за руско-украинската војна, Џачка рече: „Ова е едно од прашањата со кои сме работеле најмногу, заедно со САД. Ова е едно прашање кое навистина го одбележа нашиот мандат и ја натера Албанија да ја освои почитта и восхитот на партнерите и сојузниците за сериозноста, професионализмот и храброста со кои работеше за поддршка на меѓународното право, Повелбата на ОН, Украина и за осуда на Русија.“

Таа истакна дека во текот на септември ќе има многу активности и други значајни настани, бидејќи според неа, агендата на Советот за безбедност е навистина интензивна.

На 1 септември 2023 година, Албанија по втор пат го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН, што ќе го има во текот на месецот септември. Албанија за првпат е избрана за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН за периодот 2022-2023 година. Албанија претходно претседаваше со СК-ОН во периодот од 1 јуни до 30 јуни 2022 година.

На 1 септември 2023 година, Албанија по втор пат го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН, што ќе го има во текот на септември. Албанија за првпат е избрана за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН за периодот 2022-2023 година. Албанија претходно претседаваше со СБОН во периодот од 1 јуни до 30 јуни 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Чеферин: Нема место за саудиски клубови во Лигата на шампиони

Следно

Нов бран на коронавирус во Србија

Latest from Blog

Меџити го најави почетокот на големата трансформација на улицата „Ферид Мурат“ во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска го презентираше еден од најголемите инфраструктурни проекти во општината – целосна реконструкција и трансформација на улицата „Ферид Мурат“. Проектот, кој опфаќа делница долга

Овие 10 професии се најстресни: Ако сте во една од нив, можно е да има последици и по вашето здравје!

Пандемијата и појавата на работа од далечина и флексибилни работни места – проследено со „враќањето во канцеларија“ – исто така го променија начинот на кој го доживуваме стресот на работа и во

Владата на Словенија му забрани на Додик влез во земјата

Одлуката на словенечката Влада подразбира забрана за влез на претседателот на Република Српска во земјата, објави Н1 Љубљана.  Материјалот за оваа одлука го подготви Министерството за надворешни работи на Словенија. Извор: vecer.mk

Фатих Терим ќе биде селектор на Чешка

Искусниот турски стратег, Фатих Терим е најсериозниот кандидат да ја води репрезентацијата на Чешка. Некогашниот селектор на Турција, и легенда на фудбалот во оваа земј,а последно беше на кормилото на тимот на

Кои два хороскопски знаци се „најинтелигентни“?

Астролозите забележуваат дека, и покрај бројните фактори што влијаат на интелигенцијата, два хороскопски знака редовно ги издвојуваат најпаметните умови. Девица и Водолија гордо ја носат титулата оние чии претставници често освојуваат научни,
Go toTop