Албанија: По налог на СПАК уапсен Јорго Горо, в.д. градоначалник на Химара

March 24, 2024
1 min read

По налог на албанското  Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, вчера доцна попладне,  уапсен е  вршителот на должноста градоначалник на општина Химара, Јорго Горо, за злоупотреба на службената положба.

Судија на претходна постапка му одредил притвор, а на три лица одговорни во секторот урбанизам мерка домашен притвор. Едно лице е во бегство.

Горо  интервенирал во отуѓување државно земјиште да биде дадено на трети лица за потоа тие да имаат корист од статусот на стратешки инвеститор.

-Горо, меѓу другото,  дозволил во два случаи околу 11 илјади квадратни метри земјиште кое било во државна сопственост во Дерми едно од најубавите приморски места, со фалсификувани документи да биде запишано како сопственост на лица како стратешки инвеститори, јавија медиумите

Како кандидат на Социјалистичката партија, тој,  беше  избран за градоначалник на Химара во три последователни мандати, а изгуби  од Фреди Белери на изборите во 2019 и на 14 мај минатата година.

Откако неговиот противкандидат Фреди Белери беше уапсен два дена пред локалните избори, под обвинение дека купил осум гласа за сума од 40 илјади леки, кривично дело за кое е осуден на две години затвор, Горо стана  привремен  градоначалник.

– Истрагата против Горо започна по пријавата до СПАК на адвокатите на Белери, во октомври минатата година, во која се споменува и сопругот на поранешната шефица на дипломатијата Олта Џачка. Тој , добил земјиште како стратешки инвеститор за што и беше на распит во СПАК, додаваат медиумите.

Откако по  Белери и Горо се најде зад решетки, Химара повторно остана без градоначалник. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Тетово и Гостивар дополнително полициско присуство на изборите

Следно

Денес ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира програмата Платформа 1198

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop