Албанија на прагот на епидемија на грип, се зголемува бројот на заразени, болниците се полни

January 12, 2023
1 min read

Институтот за јавно здравје на Албанија попладнево соопшти дека официјално неделно се пријавуваат по 14.000 случаи на заразени со грип, а споредено со пред една недела овој број е зголемен за 2.000 заразени.

– Но, ова е само бројка на оние кои побарале лекарска услуга, бидејќи многу луѓе заболени од вирусот на грип не одат на лекар, туку се лекуваат дома со лекарства дадени на друг член од семејството или на своја рака, јави Топ чанел.

Доколку официјалната бројка достигне 16 илјади заразени во текот на една седмица, земјата влегува во епидемија на грип, што најверојатно ќе биде следните денови.

– Во Албанија циркулираат два подтипа на вирусот А како што е Ah1, кој предизвика пандемија во 2009 година во земјата, подтипот Ah3 и вирусот на инфлуенца Б. Но, епидемиолошката состојба е уште потешка, бидејќи според лекарите, барем клинички, респираторниот вирус циркулира и кај малите деца што предизвикува отежнато дишење, а има и случаи на Ковид, јави телевизијата.

Се посочува дека годинава лекарите го ставиле акцентот на грипот, бидејќи „вирусите на грип се вратија поагресивно, затоа што беа отсутни за време на пандемијата на Ковид и имунитетот кај населението е значително опаднат“.

Што се однесува до состојбата со Ковид-19, во последното деноноќие потврдени се 23 нови случаи од направени 585 тестови, починати нема, активни на болеста се 239, а болнички се третираат две лица.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Љутков: Досега Владата нема обезбедено ниеден денар во однос на плати за културните работници

Следно

(ВИДЕО) На демонстрациите во Шведска беше обесена кукла на Ердоган – Турција реагираше

Latest from Blog

Проданоски: Секоја личност во Прилеп заслужува еднакви можности и достоинство

Општина Прилеп е избрана за „Најуспешна општина во спроведување на инклузијата“ за 2025 година, признание кое ја потврдува континуираната работа и посветеноста на локалната самоуправа кон создавање инклузивно општество. На Меѓународниот ден

Јанев на средба со австрискиот колега: Конкретни случаи од взаемен интерес дел од темите на разговор

Зајакнување на партнерството меѓу безбедносните служби на Македонија и Австрија е целта на дводневната посета на директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев на австриската полиција во Виена. Во рамки на

Изет Меџити: Продолжуваме со модернизација на сите улици во Чаир

Рушањето на пречки во сообраќајот и подобрувањето на инфраструктурата продолжува во општина Чаир. Завршена е улицата број 3 на булеварот „Мидхат Фрашери“ во населбата Тенеке Маало, со поставување на финална асфалтна слој.
Go toTop