АЛБАНИЈА И ХРВАТСКА СТАНАА ДЕЛ ОД РУСКО-УКРАИНСКАТА ВОЈНА, ова се пресметките

November 14, 2025
1 min read

Во Украина се води војна, од едната страна се Украинците потпомогнати од ЕУ, САД, Австралија, Јапонија, Велика Британија, Израел… а од другата страна на фронтот се Русите потпомогнати од Кина, Северна Кореја, Индија, Иран…

Двете страни кројат „црни листи“ на своите непријатели. Сега и Русија ја објави својата „црна листа“ и на неа се две земји од нашиот регион: Албанија и Хрватска.

Рускиот весник „Взгљад“ во вторник ја објави првата „Рејтинг на непријателските влади“.

Според „Взгљад“, листата ја покажува разликата помеѓу државите кои, како што тврдат, свесно се спротивставуваат на Русија и оние кои наводно дејствуваат под притисок од меѓународните околности.

Според објавените резултати, Велика Британија го зазеде првото место со 75 поени, благодарение на санкциите, поддршката за трансфер на замрзнатите руски средства во Украина и континуираната воена помош за Киев.

Германија и Франција веднаш зад Велика Британија

Германија и Франција се на второто место, секоја со 70 поени. Третото место го делат Холандија и Естонија со 65 поени.

Изненадување на листата е рангирањето на Соединетите Американски Држави, кои беа само на четвртото место со 55 поени. Уредниците на „Взгљад“ го објаснуваат ова со привременото прекинување на американската воена помош за Украина во текот на оваа година.

Група земји на петтото место

На петтото место се дури седум земји – Данска, Италија, Канада, Литванија, Полска, Финска и Шведска – сите со по 50 поени. Следат Норвешка и Белгија, додека Хрватска, Шпанија и Грција се на седмото место со по 40 поени.

Иако Хрватска формално е рангирана во таа група, „Взгљад“ забележува дека е на 18-та позиција во однос на вкупниот број земји. Под неа се Португалија и Словенија, по што следат Унгарија и Луксембург.

Најниско рангирани – земји со минимални поени

Според листата, Албанија, Бахамите, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Јужна Кореја и Сан Марино беа оценети како најмалку „непријателски настроени“ кон Русија, која доби симболични пет поени.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров беше наведен како извор на изјавата дека Русија поретко го користи терминот „непријателски земји“, а почесто „непријателски влади“, за да не се создаде впечаток дека цели нации се етикетирани како противници.

Индексот ќе се ажурира секој месец

Политикологот и уредник на рубриката „политика“ во Взгљад, Алексеј Нечаев, изјави дека ова е прво издание на ваков индекс, додавајќи дека листата треба да овозможи „следење на однесувањето на различни држави во однос на Русија“ и да покаже „кој дејствува против руските интереси, а кој само го следи надворешниот притисок од сојузниците“.

Според него, индексот ќе се ажурира месечно.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фановите во Ангола во транс: Лаутаро и Меси за победа на Аргентина! (ВИДЕО)

Следно

ОВА Е НАЈОПАСНИОТ ПРОДУКТ ЗА ИМУНИТЕТОТ ШТО ГО ИМАТЕ ВО ВАШИОТ ДОМ: Често претеруваме, а тоа го прави телото поподложно на инфекции

Latest from Blog

Меџити: Подземни контејнери во Чаир за чисти улици и европски стандарди

Градоначалникот на Општина Чаир Изет Меџити денеска во населбата Топана, заедно со директорот на ЈП „Комунална Хигиена“ Драги Митковски, промовираше нов проект за унапредување на урбаната хигиена преку поставување на подземни контејнери,

Тригодишно девојче и девојка се удавија, седуммина се исчезнати кога потона туристички брод во Амазон (ВИДЕО)

Несреќата се случила во петокот попладне во близина на познатата Средба на водите во Манаус, туристичка атракција каде што се среќаваат реките Рио Негро и Рио Солимоес, но течат една до друга

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено (ВИДЕО)

За Македонија членството во рамките на Европската Унија не е милост, туку нешто кое што одамна го заслужила, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Во интервју за Македонската радио-телевизија (МРТ) на маргините на

Манасиевски: Неодговорноста на Филипче во пожарот во модуларната болница е пример дека СДСM биле заштитени од правосудните органи

Трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која животот го загубија 14 наши сограѓани, останува најцрниот симбол на начинот на кој СДСM и Венко Филипче управуваа со здравствениот систем, со импровизации, со
Go toTop