Албанија драконски казнета за инцидентите на мечот со Србија

July 23, 2025
1 min read

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја казни Фудбалската федерација на Албанија (ФШФ) по натпреварот против Србија, одигран на 7 јуни во Тирана, во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

ФИФА ги информираше Албанците дека мора да платат 173.000 евра поради инцидентите што ги предизвикаа навивачите на споменатиот натпревар.

Причината се навредите кон Србите, како и фрлањето предмети, со кои беа погодени неколку српски репрезентативци.

„Оваа казна е последица на повтореното несоодветно и пристрасно однесување на некои албански навивачи: песни со пристрасна содржина, фрлање предмети, палење пиротехника, упатени пораки несоодветни за спортски настан и прекини за време на изведувањето на националните химни“, се наведува во соопштението.

Покрај паричната казна, 20% од капацитетот на стадионот ќе бидат затворени за натпреварот со Латвија.

Инцидентите се случија и покрај големите напори на ФШФ за ограничување влезот на проблематичните навивачи на стадионот. Така, забрането беше присуство на навивачи од Македонија и Косово, но и локалните сепак се погрижија проблеми да има.

Инаку, натпреварот заврши без голови, а присуствуваа 20.427 гледачи.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кремљ: Руската делегација замина за Истанбул за нова рунда мировни преговори за Украина

Следно

Турската одбранбена компанија БМЦ претстави три нови воени возила на IDEF 2025

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop