Алармантно загадување на Крива Река: Десеткратно зголемено присуство на штетни метали

March 28, 2025
1 min read

Водата во Крива Река претставува сериозна закана за здравјето на граѓаните по хаваријата што се случила во рудникот Ораница. Според градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, анализите покажале драстично зголемено присуство на штетни метали, особено олово.

„Наодите од акредитирана лабораторија потврдуваат дека водата во Крива Река е сериозно загадена и директно го загрозува животот и здравјето на луѓето. Според резултатите, концентрациите на штетни материи се драматично зголемени, а најалармантен е десеткратниот пораст на олово во водата“, изјави Митовски.

Градоначалникот најави поднесување кривична пријава против одговорните и ја обвини концесионерската компанија за еколошката катастрофа. Истовремено, тој посочи дека Државниот инспекторат не презел соодветни мерки согласно законските обврски.

Дополнително, Митовски предупреди дека последиците од ова загадување може да бидат уште поголеми, бидејќи контаминацијата се шири и на почвата по течението на реката, што го загрозува земјоделското производство во регионот.

„Проблемот не е само во водата – загрозени се и обработливите површини, земјоделските култури и целиот екосистем во околината“, нагласи тој, повикувајќи ги надлежните институции и Јавното обвинителство да преземат итни мерки.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со кого тоа ние преговараме: За Димитров од „Комисијата“, не’ создале Белград и Москва?!

Следно

Митовски: Водата во Крива река е сериозно загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop