Аларм на вработените на клиниката за токсикологија

April 21, 2024
1 min read

Револт кај вработените на Клиниката за токсикологија. Преку писмена реакција до јавноста, порачуваат дека во Клиниката, откако е назначена в.д. организациската директорка Бесија Иљази, пред формирањето на техничката влада, владее дезорганизација, а не организација.

Но, она што е загрижувачки, е алармот на вработените дека два месеци пациентите чекаат валидација на резултатите од токсиколошката лабораторија затоа што не потпишала согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози.

Велат дека Иљази не ги исполнува условите за директорка на клиниката. Освен тоа, работното време на новата директорка трае само 4 и пол часа- тие велат, прецизирајќи со какви проблеми се соочуваат

„Клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално клиниката два месеци не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани.“ – велат од ЈЗУ Клиника за Токсикологија.

Вработените порачуваат и дека од назначувањето на новата директорка долгот на клиниката за помалку од два месеци се зголемил приближно до 2 милиони денари.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије ја повикува меѓународната заедница да ја признае државата Палестина

Следно

За европските глобални планови требаат пари што никој ги нема

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop